Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо дон Николовски дал нелегално половина милион евра субвенции на „Арекспорт“, која не почитувала договор
Љупчо Дон Николовски, поранешен министер за земјоделие потпишал договори за закуп на земјоделско земјиште со фирмата „Арекспорт“ од Струмица со што го оштетил буџетот, кој се полни со пари на граѓаните, за околу половина милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Николовски морал да е во тек со реализација на договорот за закуп со Арекспорт.
„Зошто? Затоа што, прво, тоа е договор за закуп на над 1400 хектари, второ, тоа е договор кој не се извршува согласно закон и трето, тоа е договор за кој не се плаќа закупнина. А резултатот е, незаконски земање на половина милион евра субвенции.
Љупчо Дон Николовски не само што можел, туку и морал да го раскине договорот за куп со Арекспрот. Зошто морал да го раскине договорот со Арекспорт? Затоа што фирмата Арекспорт се обврзала дека ќе инвестира 2 милиони и 450 илјади евра на закупеното земјиште, а не инвестирала ниту 300.000 евра“, додаваат во реакцијата.
Николовски, како што велат, мора да одговори, зошто никој не контактирал со Арекспорт зошто не го реализира договорот за закуп.
Николовски, според ВМРО-ДПМНЕ, мора да одговара за трошење на народни пари, а надлежните институции треба да реагираат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

