Македонија
ВМРО-Народна: Да се поведе постапка за забрана на партиите кои се повикуваат на Ванчо Михајлов

ВМРО-Народна партија соопшти дека се согласува дека името на Ванчо Михајлов не е соодветно избрано за да претставува културен клуб во Македонија.
„Во исто време во врска со реакциите кои овие денови ги има во Северна Македонија, сакаме да ја потсетиме македонската јавност дека во македонскиот политички простор постојат барем две политички партии кои во континуитетот на своите конгреси ги имаат вградено и конгресите на ВМРО под водство токму на Ванчо Михајлов.
Затоа ВМРО-Народна партија бара од Министерството за правда да ги идентифицира тие политички партии кои веќе се имаат повикано на континуитетот на Ванчо Михајлов и да се поведе постапка за нивна забрана во Македонија.
Во исто време сметаме дека дојдено е време македонската историографија да ни каже, ако веќе Ванчо Михајлов претставува толку црна личност, тогаш зошто светлите личности кои се бореа против него исто така ги нема во македонската историја и се комплетно избришани, а притоа се членови на ВМРО-Обединета, односно прогресивни и национално освестени Македонци.
Сакаме да спомнеме само некои од нив:
– Владимир Поп Томов
– Петар Шанданов
– Методија Шаторов Шарло
– Антон Југов
– Георги Пирински
– Васил Ивановски
– Лев Главинчев
– Пеце Трајков
Ова се главните личности кои водеа борба против Ванчо Михајлов, зошто овие личности ги нема во македонската историја“ велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од населбата Драчево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе остане дел од населбата Драчево.
Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Маркова Река во населба Драчево, општина Кисела Вода, ќе останат без струја.
Македонија
Сончево и ветровито време, температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во следните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.