Македонија
ВМРО-Народна: Штом Груби е главен координатор за коридорите, да се укинат Министерството за транспорт и ЈП „Државни патишта“

ВМРО-Народна партија поднесува иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и врски и на Јавното претпријатие за државни патишта по поставувањето на Артан Груби за главен координатор за спроведувањето на градежните активности на Коридорот 8.
„Не само што воопшто не држи фактот што еден министер за политички систем опслужува и води уште неколку државни функции туку не постои никаква поврзаност на Министерството за политички систем со ниту една од другите функции, а особено не последната – координатор за спроведување градежни активности на Коридорот 8“, велат од партијата.
Со оглед на ваквата одлука ВМРО-Народна партија прашува дали сите функции и надлежности на Министерството за транспорт и врски, како и на Јавното претпријатие за државни патишта, се префрлаат во Министерството за политички систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Два полициски хеликоптери го гаснат пожарот во околината на Блаце

Денеска од 05.00 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени бел 412 и агуста бел 212 се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце.
До овој момент исфрлени се повеќе од 30 тони вода и се уште активно оперираат.
Македонија
(Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце е делумно под контрола

Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови изби веднаш покрај патот, од Скопје кон Блаце. Овој пожар вчера навечер и во текот на ноќта се разви во голем пожар, при што зафати и делумно шума, извеси директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
„Рано утрово скопската противпожарна бригада со повеќе возила и екипи започна со гаснење, а како помош се придружија и два полициски хеликоптери, еден армиски хеликоптер, за прв пат еден Пинцгауер на ДЗС и еден Хермелин со поголема цистерна на ДЗС.
Покрај нив на лице место има поголем број пожарникари, пожарот е ставен под делумна контрола, за жал се уште имаме активни два краци, едниот предмалку е ставен под контрола благодарение на полицискиот хеликоптер“, соопшти Ангелов.
Тој најави повеќе информации во текот на денот.
Македонија
(Видео) Три хеликоптери го гасат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце, извести ЦУК.
На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и противпожарните возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со противпожарните возила на ДЗС.
ЦУК е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции на терен.