Македонија
„Водовод и канализација“ се сели во новата барокна зграда

ЈП Водовод и канализација – Скопје, од понеделник, се преместува во новата Управна зграда, па затоа викендов ќе работат со вонредно работно време.
Наплатната служба во петок, 10 март, ќе работи од 7.30 до 15.30 часот, додека за викендот нема да биде во функција поради селидбата.
Од понеделник, наплатната служба ќе работи по нормално работно време, од 7.30 до 19 часот преку недела, а во сабота од 9 до 14 часот. Само овој викенд нема да се работи, соопштија од ЈП Водовод и канализација.
Преселбата на претпријатието на кејот на реката Вардар се одложува неколкупати до сега, затоа што градежните работи се одложиле од технички причини.
Новиот објект е на пет ката. На катовите ќе бидат сместени службите, а во приземјето ќе бидат пунктовите за корисниците. Ќе има 15 шалтери, што е тројно повеќе од сегашните.
„Со тоа многу побрзо и поефикасно граѓаните ќе можат да ги завршат работите на шалтерите”, сметаат од ЈП “Водовод и канализација”.
Според проектот, зградата ќе биде на пет ката, со поткровје и подземен паркинг на три нивоа, кој е со капацитет за 115 возила. Фасадата на зградата е во барок стил, а изградбата чини 10 милиони евра./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Порад незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.