Македонија
(Вознемирувачко видео) Седум кученца живи фрлени во контејнер во Кочани
Вработените во КЈП „Водовод“ во Кочани, задолжени за собирање и складирање на отпадот, при нивната редовна работа во контејнер за отпадоци пронајдоа вреќа со седум мали живи кутриња, фрлени на нехуман начин заедно до другото ѓубре.
Од претпријатието нагласија дека секојдневно се соочуваат со отпад за кој не се задолжени да го собираат, како градежен шут, електронски и медицински отпад, но овој случај ги надминал сите граници.
Оваа случка стана вирална и предизвикува многубројни негативни коментари на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ: Бурим Латифи од МЕПСО потроши 15.000 евра за купување цвеќе
Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на Бурим Латифи кој како директор на МЕПСО реализирал тендери за хортикултурно уредување.
Денеска сме тука да ја известиме јавноста за несовесното работење на МЕПСО, и нивниот директор Бурим Латифи, кадар на партијата на Изет Меџити и негов прв братучед, кој наместо да го подготви електроенергетскиот сектор за престојната зима, реализира тендери за хортикулурно уредување, или народски кажано купува цвеќиња за сума од над 1.000.000 денари.
Првата активност на новиот директор, братучед на џентлменот Меџити, уште пред да се запознае со неговите вработени, е да купи цвеќе.
Ова е целосно недомаќинско работење на компанија чија главна задача и е енергетскиот сектор, а не купување на цвеќиња за 15.000 Евра во време кога граѓаните не можат да ги плаќат сметките за електрична енергија.
Замислете, наместо да им се помогне на граѓаните во делот на енергетската сиромаштија МЕПСО со Бурим Латифи плаќаат цвеќиња- калемени рози по 9.000 ден парче“, велат од ДУИ.
Ги повикуваат институциите да постапат веднаш а тие како што напоменуваат ќе ги следат на дневна основа „сите нелегитимни узурпатори на институциите во нивното работење“ и најавија дека ќе ги известат надлежните институции за сите злоупотреби.
Македонија
„Пајакот“ крена 148 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар минатата недела
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 30.09. до 06.10.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 148 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, се нагласува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Мора да им одговорност за починатото бебе на Детската клиника
Со голема загриженост ги следиме информациите за трагичната смрт на 14 месечното новороденче на Клиниката за детски болести и она што се случува Министерството за здравство и сите надлежни институции итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се утврдат причините за овој трагичен настан за кој мора да има одговорност. Потврдените информации дека бебето било одбиено да биде хоспитализирано се крајно загрижувачки. Ова е втор трагичен случај за една недела во здравствените установи, велат од СДСМ.
СДСМ бара подлабока анализа и целосна транспарентност во процесот на утврдување на одговорноста. Јавноста заслужува да знае каде се направени пропустите.
„Во изминатите 7 години, со вистинска грижа и соодветни мерки СДСМ успеа да ја намали неколкукратно смртноста кај новороденчињата. Во 2016 година смртноста била високи 25 отсто, во 2021 е намалена на 8,9 отсто а во 2023 година околу 5%. Бројките постепено опаѓаат низ годините што укажува на унапредување на здравствената заштита на мајките и новороденчињата. Неонаталната смртност СДСМ ја намали за 5 пати, во 2015 година изнесувала 6.8%о а во 2022 година е намалена на само 1,4%о. Во 2015 година во времето на ДПМНЕ перинаталната смртност изнесувала 12.8%о а во 2022 година е намалена на 6.9%о. СДСМ набави морени инкубатори, кои недостасуваа, како и повеќе современи апарати, опрема, микроскопи, системи за деминерализација, респираторни машини, подвижни протокомери за кислород и инвестираше во развој на соодветен стручен кадар. Оттука, крајно загрижувачки е тоа што се случува сега и надлежните мора да преземат соодветни мерки да не се дозволи зголемување на смртноста на новоредничањата повторно. Здравјето на мајките и новороденчињата мора да биде императив за секој здравствен систем“, посочуваат од СДСМ.