Македонија
Во Битола почина 19-годишна девојка со симптоми на коронавирус
Деветнаесетгодишна девојка суспектна на коронавирусот почина во битолскиот ковид-ценатар.
Од Битолската болница за „Макфакс“ велат дека пациентката била со Даунов синдром и била донесена во болницата со тешка клиничка слика. И покрај обидите на лекарите да ја реанимираат, пациентката ја изгубила битката со болеста.
„Пациентка беше донесена со екстремно тешка слика со симптоми на Ковид-19 и, за жал, почина пред да ѝ биде земен брис, така што оваа пациентка не се води како почината од Ковид-19, затоа што немаше тест кој ќе потврди дали била позитивна на вирусот. Во болницата престојуваше неколку часа и за тој период лекарите направија сè за да ја спасат. И покрај повеќето обиди за реанимација, оваа девојка ја загуби битката со животот“, изјави директорката на битолската болница, Билјана Гагачовска.
Гагачовска додаде дека нема информации дали некој од семејството на девојката бил позитивен на коронавурсот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

