Македонија
Во болниците низ Македонија од коронавирус се лекуваат 872 лица
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 872 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.
Како што информираат од Министерството за здравство, од хоспитализираните, 345 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците во другите градови низ ржавата е пријавено дека се лекуваат вкупно 527 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 81 пациент позитивен и суспектен на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 66 во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 50 пациент, во Кочани 17 во Кичево 13, Кавадарци 28, во Гевгелија 11 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сотир Лукровски прогласи победа во Карпош
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, прогласи победа на изборите.
„Драги мои карпошани, вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. Во оваа кампања не се борев за функција, се борев за доверба. За секој човек кој веруваше дека чесноста, трудот и вистината повторно можат да победат. Денес не победувам јас, победува Карпош. Победуваат сите оние што не се откажаа од својот град. Оние што секој ден ме запираа на улица и велеа: „Сотир, време е да се смени нешто!“ Гледавме како Карпош се бетонизира, како зеленилото исчезнува, како улиците стануваат депонии, а луѓето неми сведоци на неправда. Тоа беше реалноста. Но вечерва, таа реалност завршува. Вечерва започнуваме ново поглавје. Време на ред, визија и работа. Време кога општината ќе биде сервис за граѓаните, а не алатка за лични интереси. Време кога ќе се слуша секој глас, и ќе се гледа секое дело“, напиша Лукровски на Фејсбук.
Македонија
(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје
Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и наводи за поткуп во однос на тоа граѓаните да не излезат на гласање, што за нас е тешка повреда на изборното право, велат од партијата Левица.
Како што известија од Левица, оваа година се обиделе да покријат максимален број избирачки места со свои набљудувачи, а со тоа очекуваат да бидат воочени сите нерегуларности.
„Резултатите коишто ги имаме се се уште неизвесни. Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје. Засега знаеме дека во Карпош и Центар имаме водство. Во однос на некои избирачки места во Кисела Вода, каде што актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски учествува во изборите за вториот круг, забележавме дека имаме водство, што навистина ја отсликува волјата на народот“, соопштија од партијата Левица.
Uncategorized
Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски
Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над 71.875 гласа наспрема Амар Мециновиќ од Левица со 41.522 гласови од пребројани вкупно 77,53 отсто од избирачките места.
Во повеќето општини водство има Ѓорѓиевски, освен во Карпош и Центар, каде повеќе гласови има Мециновиќ.
Во Карпош, од 62,22 отсто обработени гласови Стевчко Јакимовски има 42,56 отсто или 7.641 гласови, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Сотир Лукровски 47,65% или 8.555 гласови.
Во Центар од 75,15% обработени гласови, кандидатот на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ има 38,63% или 6.138 гласови, додека кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски има 52,39% или 8.325 гласови.

