Македонија
Во Велешко АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – (ФАО), на 11 и 12.3.2025 година ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите. Теоретско-практичниот дел од симулацискта вежба ќе се одржи на 11.3.2025 (вторник) во Велес, а теренскиот на 12.3.2025 година (среда), во с. Башино Село.
„Ги известуваме јавноста од општина Велес и локалното население во с. Башино Село дека не станува збор за реална ситуација и појава на болест, туку за активности на Агенцијата поврзани со симулациската вежба. Целта на вежбата е да се утврдат добрите и слабите страни на одговор при евентуална појава на болеста африканска чума кај свињите, која е предмет на планови за итни мерки на АХВ. Преку вежбата, по однапред утврдено сценарио и доделување улоги на учесниците, ќе се реализираат активности во случај на појава на болеста на африканска чума кај свињите. По спроведувањето на вежбата, ќе се направи евалуација на подготвеноста на планот за итни мерки и ќе се утврдат добрите и лошите страни на одговорот при евентуална појава на болеста, кои може да ги згрозат здравјето и благосостојбата на животните“, посочуваат од АХВ и додаваат:
„На симулациската вежба ќе учествуваат претставници од АХВ, Ветеринарната комора на РСМ, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската Унија, претставник oд Секторот за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од здруженијата на одгледувачи на свињи и претставник од Ловечка федерација на Македонија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на патот Градско – Прилеп во прекин

Поради случена сообраќајна незгода, патот Градско – Прилеп е во целосен прекин, информира АМСМ.
„Поради товарно моторно возило сообраќајот е попречен на експресниот пат Градско према Прилеп (односно према село Дреново), сообраќајот е во целосен прекин и се одвива по стариот пат низ село Росоман“, велат од АМСМ.
Македонија
Почнува реновирањето на Клиниката за гинекологија

Премиерот, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на почеток на комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје.
Од Владата информираат дека реконструкцијата е во износ од 29.000.000 денари со што, како што пишува во соопштението, ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите.
Македонија
Утре облачно време, попладне дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено во деновите од викендот.