Македонија
Во време на СДСМ никогаш се нема случено да биде апсен новинар, вели Кузеска
Се потврдува она што го говориме- нема никаква промена во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија од минатото. Гледаме обиди на најбрутален начин, со апсење новинар кој објави афера за ДПМНЕ да се врати ВМРО-МВРО, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Нервозата во Белата палата на почеток на кампањата се манифестира со покажување сила, обид за замолчување и заплашување новинари. Со истите методи на режимот на Никола Груевски. Одговорност за овој чин мора да има, особено што според јавните искази како е спроведено апсењето, има основано сомнение за бројни прекршувања на законските процедури“, вели Кузеска.
Како што додава, во време на СДСМ никогаш се нема случено да биде апсен новинар. Напротив, се врати слободата и демократијата и 7 години постојано се унапредува.
„Така, во 2023 година Македонија се искачи на 38 место на индексот на Репортери без граници за слобода на медиуми, во споредба со периодот на ДПМНЕ кога беше на 123 место. Почитувани граѓани, евидентна е разликата, Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим далеку од Европа. Тоа можеме заедно да го спречиме, со глас за членство во ЕУ, за слобода и демократија со Коалицијата за европска иднина и глас за Стево Пендаровски“, завршува Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

