Македонија
Во гасењето на пожарот во Велес помагаа пожарникарите од Крива Паланка
На барање на градоначалникот на Општина Градско, Киро Нацков, Општина Крива Паланка и Територијалната противпожарна единица Крива Паланка испратија тим од едно противпожарно возило и тројца пожарникари за поддршка во справувањето со пожарот на територијата на село Подлес, Градско.
„Секогаш сме тука за помош, во рамки на нашите можности и капацитети. Гасењето на пожарот во Подлес се одвиваше во тешки услови поради непристапниот терен, високите температури и силниот ветар. Во гасењето, освен нашата екипа, учествуваа и ТППЕ Свети Николе , ТППЕ Кавадарци, Комуналното претпријатие на Градско , Полициски службеници при ПС Градско, Припадници на Армијата , мештани, приватни фирми. Пожарот се гасеше и од воздух од страна на ер трактори при Дирекцијата за заштита и спасување“, информираат од ТППЕ Крива Паланка.
Оттаму упатија благодарност до координаторот на акцијата за гасење, полицискиот службеник, Виктор Коцев.
Инаку, во изминатите 48 часа, ТППЕ Крива Паланка на подрачјето на општината извршиле две интервенции: на 18 јули 2024, на шумски пожар во село Конопница, маала Партаљци, каде е интервенирано со едно возило и тројца пожарникари, како и екипа од Подрачно шумско стопанство „Осогово”, Крива Паланка со едно возило и четворица вработени.
Денеска во истото село, во Конопница, маала Калиманци успешно е изгаснат пожар на борова и дабова шума.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“
„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и кујните, Владата на ВМРО носи 10.000 „сезонски работници“. Дупката во Буџетот е веќе 2 милијарди евра, нема пари за плати и пензии поради криминалните тендери. Како ќе се обезбедат 6 милијарди евра кредит? Преку познатиот договор кој го објавија британските медиуми“, велат од СДСМ.
„Како ќе се сокрие тоа од јавноста? Со дефокус, измислен „рекет“, црна кампања и брутален јавен линч против претседателот на СДСМ, Венко Филипче и членовите на партијата.
Сеат магла, преку Алфа ТВ, Геро, Бетмен Велит, преку Ивона позната по врската со Латас, Наум Стоилковски, преку медиумскиот октопод Алфа–Алта, создаден од ВМРО а финансиран со пари на граѓаните на Македонија, кои се испумпуваат преку тендери.
Дефокус за пренасочување на вниманието на јавноста од вистинските економски проблеми на граѓаните и главната тема, мигранти за пари.
СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја лага на кујните на ВМРО, секој дефокус и секоја злоупотреба“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

