Македонија
Во касарна на Криволак групен карантин за 200 лица, се очекува бројот на заболени да расте
Министерот за здравство, Венко Филипче, на последната прес-конференција посочи дека очекува во согласност со податоците од веќе заболените лица бројот на заболени да се зголемува во идниот период.
Тој истакна дека мора да се почитуваат мерките за да се спречи локалната трансмисија.
Во однос на 200-те лица што беа заглавени на граница, а кои доаѓаат во земјата, тие ќе бидат во групен карантин во касарна на Криволак, посочи министерот.
„Дозволете да се обратам до јавноста со многу важни пораки. Епидемијата е во силен ек, секоја епидемија има свој тек, има почеток, пик, врв. Очекувано е во согласност со сите епидемиолошки податоци на луѓето бројот на заболени да се зголемува во идниот период. Најважно е да се спречи локалната трансмисија, ќе направиме сè да ја спречиме инфекцијата. Останете дома, не собирајте се, излегувајте само со итност, не контактирајте многу со луѓето, не задржувајте се во маркетите, држете дистанца, задолжително често мијте ги рацете 20-30 секунди. Од сите зависи“, рече Филипче.
Тој е дециден дека на 200 лица што одат во групен карантин ќе им бидат обезбедени сите услови.
„Речиси 200 луѓе, кои беа на унгарско-српската граница, ќе дојдат со организиран превоз на преминот Деве Баир. Повеќето од нив, во согласност со информациите што ги имаме досега, работеле во ризичните региони во Италија, некои од нив се од Австрија. Точните информации ќе ги имаме кога ќе влезат во нашата земја. Тие сите ќе одат во групен карантин во касарната во Пепелиште во Криволак, каде што има услови, медицинска поддршка, храна, соодветно обезбедување“, додаде Филипче.
Анкети и тестови на оние што имаат симтоми ќе им бидат направени кога ќе се сместат во касарната.
„Тимот епидемиолози на едно место ќе ги направи тие разговори, тестови, ако некој има знаци на болест, така што тие ќе бидат под максимална контрола, а целиот тој објект, во кој има солидни услови за престој, ќе биде обезбеден од полицијата“, објасни министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

