Македонија
Во Куманово 23 новозаболени и двајца починати, градоначалникот бара 14-дневен карантин
Кумановската болница евидентирала 23 новозаразени во Куманово и двајца починати од коронавирус во изминатото деноноќие, извести градоначалникот Максим Димитриевски. Тој побара Владата итно да го разгледа неговиот предлог за прогласување 14-дневен карантин во Куманово по примерот на Дебар оти смета дека тие се закана за жителите на другите градови.
„Куманово денеска има 23 нови позитивни случаи и двајца починати. Вкупната бројка во Куманово е 224 позитивни лица досега или вкупно 12 починати. Возраста се движи од 59 до 79 години. Ве информирам дека бројакта што доаѓа од Централниот кризен штаб се однесува на бројка на заболени и починати во Куманово заедно со оптшината Липково. Сочувство до семејствата на починатите. Ние сме сите заедно со нив, ќе се бориме заедно за нивно закрепунување и поддршка на здравствените работници во градот“, рече градоначалникот Димитриевски.
Тој бара да се спречи заразата исто како во Дебар, барање што Куманово го имаше уште пред две недели, и притоа потенцира дека се гордее со кумановци бидејќи не го прекршиле полцискиот час.
„Предлагаме 14-дневен контролиран карантин во Куманово и воведување кризна состојба во општина Куманово, затворање на влезовите и излезите во градот, а олеснување да има само за лица што ќе вршат работни задачи, а градот да го напуштаат со претходна дозвола, како и да поминуваат на дезинфекција на посебни пунктови“, додаде градоначалникот.
Според него, треба да се направи реорганизација во Општата болница – Куманово.
„Воедно, сакам да напоменам дека за Општата болница – Куманово, каде што имаме 44 позитивни лица од персоналот, Комсиијата за здравство треба да донесе одлука за реорганизација на персоналот. Изразуваме поддршка до оние што работат во болницата. Им стоиме на располагање“, рече Димитриевски.
Градоначалникот потенцира дека бараат прогласување кризна состојба во градот за институциите на државата да се вклучат во борбата со коронавирусот по примерот на Дебар, кој, според него, дал резултати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

