Македонија
Во тек е спасувачка акција: две лица со квадрицикл излетале во бездна длабока 20 метри
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/viber_image_2022-11-08_18-17-23-339.jpg)
Во тек е спасувачка акција за извлекување две лица што со квадрицикл излетале од земјениот пат и паднале во бездна длабока 20 метри после селото Алдинци во близина на вилата „Принц“.
Како што соопштија од Центарот за управување со кризи, двете лица се наоѓаат во стабилна здравствена состојба со засега неидентификувани повреди. Од страна на ЦУК се известени и координирани МВР, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
На местото на несреќата е пристигната екипа на Итната медицинска помош, но поради непристапноста на теренот, се чека на тимот со специјална опрема од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кој се движи кон местото на несреќата и треба да пристигне во секој момент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Скопје
Дел од Скопје без струја и вода
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, од 09:00 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе останат, корисниците од населените места: Дивље, Сушица и Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје исто така ги известува граѓаните дека
• поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф- 500 мм на Бул. Кочо Рацин (спроти Олимписки Базен), од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од: Бул. Кочо Рацин (потегот од ул.11-ти Октомври до Кеј 13-ти Ноември), ул. Тетовска, ул. Стив Наумов, дел од ул. Раде Јовчевски Корчагин, како и објектите на Амбулантата на МВР, Полициската станица – Пролет и ресторанот Ла Тана. (Општина Центар)
• поради изведување на водоводен приклучок ф – 80 мм на ул. 852 бб (кај Салонот Мерцедес), од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зградите на ул. 852. (Општина Гази Баба)
Македонија
Претпладне сончево и топло време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/soncevo111.jpg)
Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени. UV=7
Во Скопје претпладне сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.
До петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град. Дневната температура постепено ќе опаѓа. За време на викендот се очекува стабилно и потопло време.
Македонија
Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ ги потврди добрите политики на СДСМ кои доведоа до намалување на маржата на цената на струјата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/14122023_Bitikji_FITR_1.jpg)
„Новата Влада на ВМРО-ДПМЕ уште еднаш ги потврди добрите политики на владата предводена од СДСМ, а тоа е во насока на заштита на интересите на граѓаните“, рече пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи, образложувајќи го ставот на пратеничката група на СДСМ за поддршка на Предлог на закон за дополнување на Законот за енергетика, кој по скратена постапка беше денес усвоен во Собранието.
Битиќи нагласи дека измените кои денеска се предлагаат се последица на успешната тендерска постапка за избор на Универзален снабдувач, која заврши пред неполн месец дена, а на која што беше избрана ЕВН Хоме.
„Тоа што е ново е дека постигнавме да ја намалиме маржата која универзалниот снабдувач ја аплицира кон крајните корисници од 11,5% на 9,9%. Ова е една од најниските маржи досега аплицирани кон крајните корисници и сметаме дека ова е нешто на кое сите треба да се гордееме“, рече Битиќи.
Образложувајќи го ставот на пратеничката група на СДСМ, Битиќи појасни дека со овие законски измени се овозможува аплицирањето на намалената маржа кон крајните корисници да стапи на сила веднаш, пред Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да ја донесе одлуката за цената на струјата од 1 јули до крајот на годината.
Зборувајќи за законските измени, Битиќи образложи дека една од причините за поддршка од пратеничката група на СДСМ е тоа што со истите се предвидува производителот на електрична енергија со најголем инсталиран капацитет на Универзалниот снабдувач да му понуди на продажна во 2024 година 40% од вкупните годишни потреби на снабдувачот.
„Тоа значи дека ЕСМ, која што се пријавила пред само 10 дена, а слушавме помпезно како тоа само 85% ќе понуди, нуди двојно повеќе од тоа што укажува Законот дека треба да го понуди. Нуди по цена која е 60% субвенционирана, пониска цена од производната цена“, рече Битиќи.
Пратеникот Битиќи во своето обраќање потенцираше дека ова е начинот на кој една разумна и конструктивна опозиција треба да се однесува во Собранието, а тоа е да се поддржуваат сите законски решенија кои имаат за цел поддршка на граѓаните и квалитетот на нивниот живот.
„Вака СДСМ и коалицијата ќе продолжи да се однесува и наредните четири години секогаш кога е во прашање интересот на граѓаните“, порача Битиќи.