Македонија
Во тек се активности за евакуација на осумчленото семејство од Судан, објави МНР
По добиената информација за осумчлено семејство, државјани на Република Северна Македонија, кое се наоѓа во загрозените подрачја на Судан, Министерството за надворешни работи, преку својата амбасада во Каиро веднаш стапи во контакт и доби потврда дека сите нејзини членови се во добра здравствена состојба, информираат од оваа институција.
Министерството, додаваат од таму, преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација со колегите од пријателските земји, чии амбасади се сѐ уште активни на територијата на Судан. Информираат дека во тек се активности за да се обезбеди нивна скора евакуација, и трансфер на безбедна локација од каде подоцна би се обезбедил трансфер кон земјава.
„Во однос на четирите наши државјани кои претходно го напуштија Судан кон Саудиска Арабија, информираме дека истите се на безбедна локација, во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат вратени во земјава.
Во оваа прилика го повторуваме нашиот апел доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на телефон +201033615542 и е-мејл [email protected], Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и емејл [email protected]“, се потенцира во информацијата од ресорното министерство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот е 34.87 отсто
До 15 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 1574 односно 34.87 отсто, објави Државната изборна комисија.
Во ИМ 2101 во Желино гласале 428 гласачи односно 43.10%.
Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 197 гласачи односно 42 %.
Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 67 гласачи односно 22.48 %.
Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 226 гласачи односно 31.79 %.
Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 173 гласачи односно 26.29 %.
Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 184 гласачи односно 29.11%.
Во ИМ 1844 во Струга, гласале 299 гласачи односно 39.71 %.
Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 15 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 1.21% на овие избирачки места.
Македонија
(Видео) Трипуновски: Со земјоделците и откупувачите договориме откупната цена на младиот компир да не биде под 20 денари за килограм
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во општина Босилово каде што земјоделците од овој регион веќе неколку дена протестираат заради падот на откупната цена на младиот компир.
– Заедно со мене на протестот присуствуваа и неколку откупувачи и заедно со земјоделците разговаравме за можно решение и се договоривме во наредните 10 дена откупната цена на младиот компир да не биде под 20 денари за килограм, а потоа се договоривме да оствариме уште една средба се со цел да го средиме и останатиот дел од пазарот. – изјави Трипуновски.
Трипуновски рече дека успеале заеднички да се договорат за условите и можностите за понатамошниот тек на откупот на млад компир.
– Денес постигнавме договор кој не е идеален, но е преодно решение во овие тешки моменти кои ги наследивме од Владата на СДС. Во иднина ние како Влада предвреме заедно со земјоделците и откупувачите ќе креираме мерки и стратегии за да немаме повеќе вакви несакани ситуации. – заврши Трипуновски.
Македонија
Спорните договори за вработување се само со потписот на Иљази – ДСЗИ влезе на Токсикологија
Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за вработување на лицата за кои постојат тврдења дека некои од нив се без соодветно образование. Од контролата било увидено дека овие договори го содржат само потписот на организациската директорка Бесија Иљази.
Директорката на Инспекторатот, Рената Младеновска, рече дека во согласност со законските одредби во однос на потпишувањето акти, медицинскиот и организацискиот директор имаат заедничка надлежност и кај потпишувањето на договорите за вработување, отказни решенија, јавни набавки.
„Ако овие акти се потпишани само од еден директор, во согласност со Законот за здравствената заштита се сметаат за непотпишани, но законодавецот не предвидел глоба по ова прашање“, рече Младеновска додавајќи дека ќе го информираат Министерството за здравство, кое има ингеренции да постапува ако договорите не се валидни, правниот сектор треба да се изјасни.
ДСЗИ претходно забрани лицата што немаат важечки договори за вработување да работат откога тие доаѓале на Клиниката со истечени договори на инсистирање на Иљази. На 15 мај, како што информира Младеновска, договорите биле потпишани со еден потпис.
Клиниката за токсикологија цел месец ја тресеа скандали за овие лица, кои и покрај тоа што немаа договори, доаѓаа на работа, а многумина од лекарите јавно се пожалија дека немаат комуникација со организациската директорка и реално имаат потреба од двајца дипломирани биолози и еден болничар. Кога докторите јавно ја прозваа Иљази дека не соработува со нив, не го зборува македонскиот јазик, не се знае ништо за нејзиното образование, клиниката е во долгови, а во моментот не функционира токсиколошката лабораторија и се снаоѓаат со тестови и со еден лаборант, Иљази ги потпиша договорите за вработување на договорците и наместо да одговори на критиките, донесе писмена наредба за забрана докторите да комуницираат со медиумите. Таа во текот на вчерашниот ден повикала еден новинар во својата канцеларија и дала изјава во која истакнала дека доктор Нико Беќаровски, кој гласно ѝ се спротивстави, е доктор од времето на друже Тито. Нагласи и дека разрешениот медицински директор доктор Данил Петровски еден ден пред таа да стане организациска директорка си ја вработил снаата, а немал можност да го вработи биологот и 18 лица, кои со години се вработени таму.
„Ги прекрши сите законски норми, ги држеше да работат без договори и без плати, ги тераше на дежурства и така продолжи до моето доаѓање. Сега кога го решивме нивниот проблем, тоа стана ‘голем проблем’“, додаде Иљази.
Минатата недела, министерот за здравство Илир Демири не кажа дали осумнаесетте договорци од Токсикологија се стручни, туку рече дека бил загрижен за 18-те семејства што не добиле плата.
Прашан за тврдења во јавноста дека тие лица не исполнуваат критериуми за да работат таму, министерот рече дека тоа прашање требало да се постави во 2023 година.
Додаде дека го замолил веќе разрешениот медицински директор Данил Петровски пред изборите да ги продолжи договорите, но тој одбил. За разрешувањето на Петровски, Демири тврди дека тоа не било политичка кампања, туку биле констатирани неправилности во работата.
И покрај сите поплаки од вработените за организациската директорка на Клиниката, Иљази, министерот изјави дека таа ќе остане на својата позиција сè додека не го прекрши законот.