Македонија
Во функција се ставаат две нови лаборатории за тестирање на Ковид-19
Во текот на неделата ќе се стават во функција лабораториите на Институтот за судска медицина и МАНУ. Како што најави министерот за здравство, Венко Филипче, со ова бројот на тестирања се зголемува за плус сто и ќе се елиминира долгото чекање резултати, што се случува некогаш поради големиот број брисеви во ИЈЗ.
„Со оглед дека во Министерството за здравство добивме околу 20.000 теста за скрининг на антитела и со оглед на тоа што ситуацијата во Дебар е стабилна, односно таму немаме новодијагностицирани пациенти, а практично сите закрепнуваат, ќе направиме скрининг на бројка од 20 до 30 отсто во регионите каде што досега имаше мерки како рестрикција за движење, а со цел да се процени имунитетот и да видиме што би можеле да очекуваме на ниво на држава во оној момент кога ќе одлучиме дека треба да се прави таков скрининг на антитела во согласност со времето кога се наоѓаме во епидемиолошка крива“, рече Филипче.
Тој додаде дека се распределува и заштитната опрема, односно донацијата од Чешка, од каде што беа испратени 1 милион маски, и тие ќе бидат дистрибуирани во сите установи во согласност со интензитетот на нивното трошење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

