Македонија
Во функција целосно реновираната ургентна амбуланта на ГАК
Од денеска е во функција целосно реновираната ургентна амбуланта на Клиниката за гинекологија и акушерство, која дневно опслужува 50-60 жени што доаѓаат за разни ургентни состојби во областа на гинекологијата, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Тој дополни дека амбулантата е опремена со нови ЦТГ-апарати, односно апарати со кои се регистрира срцевата активност кај бебињата, нов стол и сега амбулантата има пријатен амбиент да ја дава соодветната здравствена услуга.
„Дополнително на тоа, веќе неколку месеци во функција е амбулантата за медикаментозен абортус. Со измената во Законот за здравствената заштита оваа опција сега им се нуди на жените и волјата на жената е ставена на прво место. Изминативе месеци околу 150 жени имале медикаментозен абортус, а 90 стандардна оперативна процедура. Тоа значи дека кај 150 жени во согласност со индикацијата е избегната оперативната процедура и давањето на анестезијата, што е една значајна придобивка поради тоа што се избегнуваат сите ризици што се поврзуваат со оваа интервенција“, рече Филипче.
Тој денеска ја посети Клиниката за ГАК, каде што истакна дека со реновирањето и унапредувањето на услугите на ГАК, со поставената нова опрема, инкубаторите и новите респиратори, вклучувајќи ги и високофреквентните, евидентни се бројките што укажуваат на подобрување на сите резултати, што се однесува до давањето здравствена услуга во овој дел.
„Клиниката за гинекологија и акушерство е институција што во целокупниот изминат период најпрвин го менаџира третманот на жените, родилките што беа позитивни на коронавирусот, со целосно изолирани делови во делот на третманот, интензивното лекување и операциони сали. Се истакнуваат со години со својата експертиза, знаење и менаџирање на целокупниот процес, што се однесува на мајчиното здравје, здравјето на бебињата од најраните денови, првите денови на животот, што се манифестира како еден успех препознаен и од меѓународни институции, а тоа е преполовувањето на новороденечката смртност за период од две години. Таков резултат нема ниту една земја во светот, заслужува секаква пофалба и честитки и за менаџерскиот тим на чело со директорката и целокупниот стручен колегиум“, изјави министерот Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

