Македонија
Во Чаир поставена биста на поранешниот американски претседател Вудро Вилсон
Пред зградата на Општина Чаир денеска беше откриена бистата на поранешниот американски претседател Вудро Вилсон, по повод 100-годишнината од Парискиот мировен договор. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека Вилсон бил визионер, дипломат и човек со јасен светоглед.
„Вудро Вилсон е истакната личност на американскиот народ, меѓутоа и светска личност, кој заслужил почесно место во историјата на албанскиот народ и не само таму, туку и пошироко, во страдалничкиот Балкан кој некако отсекогаш бил просторот кон кој ги одразувале своите аспирации оние кои не биле природен дел од овој простор. Претседателот Вилсон бил визионер, дипломат и човек со јасен светоглед дека претседателот треба секогаш да биде во служба на народот и дека народот е суверенот и тој самиот мора да одлучува за својата судбина. Тој бил против тоа големите сили да одлучуваат за судбината на малите држави, колку и да се тие немоќни“, рече Џафери.
Токму овој негов принцип, додаде тој, бил и неговиот патоказ и иницијатор за одигрување на толку важна улога за време на преговорите на Париската мировна конференција каде европските сили продолжиле со традиционалната дипломатија.
„И сега, кога живееме во нова реалност, повторно сме благодарни на Соединетите Американски Држави што се наши стратешки партнери во остварувањето на нашите цели од осамостојувањето на државата, односно полноправното членство во НАТО и ЕУ, за силната поддршка што ѝ ја даваат на земјата, но и на целиот регион на Западен Балкан“, рече Џафери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.
Македонија
Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска
Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.
Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.
„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.
Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.
„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.