Македонија
Во 10 скопски општини Град Скопје во координација со јавните претпријатија, спроведува голема пролетна акција
Во 10 скопски општини Град Скопје во координација со јавните претпријатија, спроведува голема пролетна акција
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со директорите на јавните претпријатија на Град Скопје и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓеогиевски, денеска, 21 март, го најавија почетокот на пролетната работна акција низ скопските општини, на место нарекувано Чешма. Оваа голема акција, што ќе се спроведува во координација со јавните претпријатија, ќе трае до 27 мај.
„Започнуваме во општина Кисела Вода, каде што од денеска до крајот на неделата во соработка со градоначалникот Орце Ѓеоргиевски, Град Скопје ќе спроведува активности за темелно чистење на градските булевари и површините под градска надлежност, уредување и санација на дефекти во доменот на јавните градски претпријатија“ – рече градоначалничката Арсовска на почетокот на пролетната акција.
Во пролетната работна акција на Градот Скопје во координација со сите јавни претпријатија ќе бидат опфатени сите скопски општини започнувајќи од:
1. Кисела Вода и тоа од 21 до 25 март,
2. Карпош од 28 март до 1 април,
3. Аеродром од 4 април до 8 април,
4. Гази Баба од 11 април до 15 април,
5. Чаир од 18 април до 21 април,
6. Бутел од 26 април до 29 април,
7. Шуто Оризари од 3 мај до 6 мај,
8. Центар од 9 мај до 13 мај,
9. Ѓорче Петров од 16 мај до 20 мај,
10. Сарај од 23 мај до 27 мај.
„Големата пролетна работна акција низ општините опфаќа активности на чистење на булеварите и улиците, рачно и машинско миење на улиците, собирање на кабаст отпад на предвидените локации низ општините, санирање од оштетувања на коловозите, поставување вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, садење садници и уредување на зеленилото низ скопските општини, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња, каде што по нивен хуман третман ќе биде овозможено да бидат вдомени, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и активирање механизација за прочистување на дождовните сливници на булеварите и на градските улици“ – изјави градоначалничката Арсовска.
Градоначалничката Арсовска додаде дека ваков тип на работна акција последниве години не е спроведена.
„Ако се работи во континуитет може да се видат значајни промени и градот Скопје да биде почисто и хумано место за живеење, а проблемите на граѓаните да бидат преточени во решенија за поубаво и модерно Скопје. Затоа овие работни акции ќе бидат дел од редовните активности во градот Скопје“, нагласи Арсовска.
Ова е голема работна акција која вклучува координирани активности на градските јавни претпријатија Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта и Лајка, кои ќе дејствуваат во доменот на своите работни задачи со цел надминување на предизвиците и реализација на барањата истакнати од граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Џафери за порасната трева околу Владата: Градоначалничката доби соодветен одговор со изборниот резултат, граѓаните гледаат и вреднуваат
Техничкиот премиер Талат Џафери по денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена од Владата што ја предводи, даде објаснување за порасната трева околу Владата за што имаше многу реакции од граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање за тревата, Џафери објасни дека тоа е обврска на Град Скопје, па од таму и изборниот резултат на партијата што ја предводи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„Разбирам дека има реакции по тоа прашање. Според процедурите и прописите, земјиштето е сопственост и во надлежност на Град Скопје. Според договореното и обврските, ‘Паркови и зеленило’ како јавно претпријатие што се грижи за изгледот на градот е надлежно и за оваа работа. Владата ниту има предвидено средства ниту, пак, може да предвиди средства за работи што се надлежност на друга институција. Во овој контекст, јас жалам што излезе вака, но, секако, и на изборите соодветен одговор доби и градоначалничката на градот Скопје во однос на изборниот резултат. Граѓаните гледаат, граѓаните оценуваат, вреднуваат и си го дадоа својот одговор“, рече Џафери.
Нова алтернатива, партијата која на изборите ја предводеше градоначалничката Данела Арсовска, освои 3.516 гласа, односно 0,35 отсто од гласовите на запишаните избирачи.
Македонија
(Видео) Џафери: Груби ниту е Влада ниту е партија
Ниту Европскиот фронт ниту ДУИ не повикува ниту, пак, мотивира на бојкот, беше оставено на слободната волја на граѓаните да ја изразат на гласачкото место, рече премиерот Талат Џафери на денешната прес-конференција.
Во однос на бојкотот на Артан Груби на вториот круг на претседателските избори, Џафери рече дека неговиот став е индивидуален и дека не став ниту на Владата ниту на партијата.
„Индивидуалните ставови не може да се претставуваат како генерални ставови на субјектот. Груби ниту е Влада ниту е партија. Јас имав изјава како премиер на избирачкото место и потврдив дека ги зедов двете ливчиња и гласав. Индивидуалниот став не е општ став по кој може да се извлече заклучок. Нека си е министер, индивидуа е во однос на Владата, не е став на Владата, ниту на партиските органи. Индивидуално може да каже што сака, тоа е слобода и на мисла и на изразување“, одговори Џафери и додаде дека не може да се повикува на одговорност.
Македонија
Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки
Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки. Згора на тоа, позицијата што ја имаме е паневропска позиција.
Ова го изјави вршителот на должноста премиер на Бугарија, Димитар Главчев по победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори во Северна Македонија, јави „БГНЕС“.
„Да почекаме да видиме каква влада ќе се формира во Северна Македонија“, рече привремениот премиер.
Главчев додаде дека Бугарија нема повеќе да прави отстапки во однос на пристапните преговори на РСМ во ЕУ и ставот што го имаат е паневропската позиција.
„На нашите пријатели од Северна Македонија мора да им биде јасно дека ако не ги почитуваат барањата за прифаќање членство во ЕУ, тоа нема да функционира“.