Контакт

Македонија

Вработени во СЈО со писмо до Заев и амбасадорите: Разочарани сме поради недоволното внимание за нашата иднина

Објавено пред

Стручниот, административниот и помошно-техничкиот персонал во СЈО испрати писмо до премиерот Зоран Заев, претседателот на државата Стево Пендаровски, министерката за правда Рената Дескоска и амбасадорите на ЕУ, САД и Холандија во земјава, во кое пишува дека се разочарани затоа што лебди нивниот работен однос додека сè уште е неизвесна судбината на ова обвинителство.

dobivaj vesti na viber

Во писмото до кое дојде „Макфакс“ вработените во СЈО пишуваат дека прифатиле да работат во време на безбедносен ризик за нив и за нивните семејства со надеж за владеење на правото и дека еден дел од нив имаат договори на определно време до укинување на обвинителството, односно до 15 септември 2020 година.

Писмото ви го пренесуваме интегрално:

„Ние, вработените во Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со особено внимание и трпеливо ги следиме актуелните случувања во однос на политичко-правната дебата што се води околу разрешницата за статусот на ова Јавно обвинителство, иднината на предметите коишто се оформени во обвинителството, како и прашањата поврзани за нашиот работен ангажман по евентуално престанување на ова обвинителство.

Во тој контекст, а имајќи ги предвид можните персонални решенија за кои информираат медиумите, сакаме да ја изразиме нашата разочараност поради недоволното внимание кое се посветува на прашањето за иднината на најголемиот дел вработени во ова Јавно обвинителство.

Карактерот на работните задачи кои ги извршуваат најголемиот дел од вработените во обвинителството не е поврзан со јавноста и поради тоа е непознат за граѓаните, но во структурата на обвинителството нашата работа е не помалку важна, со оглед на тоа дека истата се однесува на стручна и техничка поддршка на обвинителскиот и истражителскиот тим. За јавноста е помалку познато дека во рамки на ова Јавно обвинителство освен стручната служба составена од стручни соработници и референти, постои одделение на економисти како стручна поддршка при водење  финансиски истраги, одделение за информатичка технологија, административна служба, служба за односи со јавноста, доставна служба и вработени во возен парк, преведувачи, како и друг помошно-технички персонал.

Сметајќи дека е неправедно ние и нашата досегашна работа да не сме предмет на интерес на општествено-политичките чинители или уште полошо, кога станува збор за нас да се зборува како за обична бројка на која ѝ се придодаваат секакви етикети, сакаме да потсетиме на почетоците на СЈО, кои беа подеднакво тешки, како и состојбата во која се наоѓа обвинителството во овој момент. Во услови кога државата беше соочена со сериозни предизвици за својата иднина и кога функционирањето на институциите на системот беше блокирано во секоја смисла на зборот, во услови кога со месеци ниту една институција не го поддржа формирањето на СЈО и неговото екипирање со стручен и помошен кадар, се охрабривме да бидеме крикот на правдата и да се приклучиме на обвинителскиот тим. Притиснати од опструкции, навреди, постојани медиумски напади и етикетирања, свесно прифаќајќи извесен безбедносен ризик за нас и нашите семејства, работевме одговорно, напорно, безрезервно и професионално, доследно почитувајќи ги законите, вложувајќи ги своите напори да создадеме нови професионални стандарди што ќе бидат позитивен пример за сите други институции. Неспорен е фактот дека работата на целокупниот тим на СЈО во извештаите на меѓународната заедница беше позитивно оценета како придвижување во насока кон остварување независност и ефикасност на правосудниот систем. Бројот на предмети кои се наоѓаат во фаза на судска постапка, истражна и предистражна постапка неспорно говори за трудот и посветеноста со која работеше целиот тим.

Изминатиот период преку медиумското известување бевме сведоци на преговорите водени од страна на политичките партии за судбината на ова Јавно обвинителство. Иако до пред неколку денови една од спорните точки на преговори беше и статусот на вработените во обвинителството, јасно е дека во овој момент тоа прашање е сосема маргинализирано. Соопштенијата кои до пред извесен период се лиферуваа во јавноста кога се говореше за ова прашање го потенцираа фактот дека работниот однос на вработените во обвинителството е од времен карактер, односно истиот е на определено време поради што е и неопходно истиот да ја следи судбината на институцијата, односно да престане заедно со престанокот на постоењето на ова Јавно обвинителство. Во оваа насока, сакаме да потенцираме дека вработувањата во ова Јавно обвинителство се со договори на определено време, но не по желба на работодавачот, туку по сила на Закон за јавнообвинителска служба. Имено, во членот 120-д од наведениот закон е предвидено дека работниот однос на јавнообвинителските службеници во ова Јавно обвинителство ќе биде заснован на определено време, до укинувањето на ова Јавно обвинителство. Ваквата одредба е оправдана од причина што било неопходно да се регулираат работните односи во институција која е од времен карактер и како таква во никој случај не би можела да вработува лица на неопределено време.

Меѓутоа, треба да се има предвид и постојниот и сè уште важечки Закон за Јавно обвинителство за гонење  кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Службен весник на РМ бр.159/2015). Имено, во членот 21 од истиот закон е наведено дека по укинувањето на Јавното обвинителство, јавните обвинители, административниот персонал и истражителите се упатуваат на работа во Јавното обвинителство на позиции со споредливи лични примања. Оттука, јасна е намерата на законодавецот да ги гарантира правата од работен однос на сите оние кои во даден момент конкурирале и се вработиле во ад хок институција со одреден рок на траење. Тоа значи дека законодавецот при носењето на законот за ова Јавно обвинителство немал намера да им биде прекинат работниот однос на вработените во ова Јавно обвинителство туку истиот предвидел одредба со која би ги инкорпорирал вработените во редовното Јавно обвинителство. Со вака предвидените одредби законодавецот изразил јасна потреба од заштита на правата од работен однос на сите вработени во ова Јавно обвинителство со договори на определено време.

Евентуалната ситуација, а чие настапување е сè поизвесно, дека предавањето на предметите кои се водат пред ова обвинителство ќе доведе до беспредметност на неговото постоење директно не засегнува нас и нашите права.

Оттука, секоја намера на преговарачките тимови, која е спротивна на претходно наведените законски одредби ќе ја сметаме како директна повреда на правата од работен однос мотивирана од одмазднички пориви кон вработените и кон сè што тие успеале да постигнат во изминатиот период со искреност и со пожртвуваност кон институцијата во која работат, постапувајќи во делокругот на своите работни задачи определени со законите и согласно организациската поставеност во обвинителството.

Во таа смисла, упатуваме апел до меѓународната заедница која беше дел од процесите на формирање на обвинителството и континуирано следење на неговата работа, која ја помогна изградбата на капацитетите со кои располага обвинителството пред сè преку стручно усовршување, обуки и специјализирана едукација на кадарот, внимателно и активно да ги следи актуелните процеси.

Исто така, упатуваме повик до сите политички чинители во своите постапувања да се водат од интересите на државата и од определеноста на граѓаните за нејзиното интегрирање во европските демократски процеси, чиишто основни вредности се владеење на правото и правна држава, непречено и ослободено од политичко влијание функционирање на институциите, како и правна сигурност за сите нејзини граѓани, а своите одлуки да ги носат исклучиво согласно важечките закони и истите да не предизвикуваат сомнеж кај граѓаните дека криминалот, без оглед на сторителот, може да остане неказнет. Секое поинакво однесување би значело определба за безобѕирно укинување на придобивките кои ги остваривме во борбата за правда и еднаквост на сите граѓани пред Уставот и законите“.

Fiаt iustitia, et pereat mundus! („Нека победи правдата, па и да пропадне светот“)

Стручен, административен и помошно-технички персонал на Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Македонија

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Објавено пред

Од

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.

dobivaj vesti na viber

„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.

Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека  по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Објавено пред

Од

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.

dobivaj vesti na viber

Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:

Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]

„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили

Објавено пред

Од

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.

„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.

Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија8 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија14 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија15 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија15 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија15 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија15 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија16 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија16 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија18 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија18 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија18 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет20 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет20 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет20 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет21 час

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет21 час

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет21 час

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет22 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...