Македонија
Вреди: ДУИ И СДСМ се прочитани
Изјавата на Блерим Беџети е потврда дека генерален покровител на денешниот предлог на СДСМ е ДУИ. Законот за бранители е напишан во Мала Речица и даден на извршување на СДСМ со единствена цел – предизвикување меѓуетнички тензии, велат од коалицијата Вреди.
„Македонската и Албанската опозиција влечат потези во страв од кривичен прогон за политичка корупција. Замислете, после 7 години власт и моќ за решавање на отворените прашања, сега во првите 100 дена им текна да ја злоупотребуваат 2001 за зачувување на нелегално стекнатиот имот. Блерим Беџети наместо да глуми наивност, нека го праша Талат Џафери за собраниските процедури, бидејќи тој го предводеше процесот на креирање и усвојување на овој Деловник во претходниот пратенички мандат.
Коалицијата ВЛЕН нема да дозволи усвојување на Закон за бранители доколку истиот не биде во пакет со Закон за решавање на статусот на воините на УЧК. Манипулациите на ДУИ се прочитани и никој повеќе не наседнува на нивните замки. Нема бегање од одговорност!
За потсетување, и во минатиот парламентарен состав беше изгласан дневниот ред за истиот закон кој влезе во собраниска постапка, кога беа
разрешени и министрите од Алијансата за Албанците. Значи ова не е прв пат што овој закон влегува во собраниска постапка, но исходот ќе биде ист“, стои во реакцијата на Вреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

