Македонија
Времето денеска сончево и многу топло со висок УВ индекс
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер кој во западните делови ќе е западен, а вдолж Повардарието северозападен. Во североисточните делови од средината на денот ќе има услови за краткотрајна нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 10.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.
До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури и со висок УВ индекс. Особено топло ќе биде во вторник и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Делови од општина Карпош денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општина Карпош.
· во пеиодот од 09.00 до 15.00 часот дел од корисниците во село Горно Нерези во општина Карпош.
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот корисниците од дел од улицата Ринхини и улицата Езерци – населба Влае во општина Карпош.
Македонија
Силјановска-Давкова: Грозоморен напад врз словачкиот премиер, се молиме за негово здравје
Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова реагираше на веста за атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Бев длабоко шокирана кога ја слушнав веста за грозоморниот напад врз словачкиот премиер Роберт Фицо. Се молиме за негово здравје и брзо закрепнување! Нашите мисли се со неговото семејство и со народот на Словачка“, напиша Силјановска Давкова.
I was deeply shocked to hear the news of the heinous attack against the Slovak Prime Minister Robert Fico. We pray for his health and swift recovery! Our thoughts are with his family and the people of Slovakia.
— Гордана Силјановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) May 15, 2024
Словачкиот премиер Роберт Фицо е затрелан по владин состанок, околу 150 километри североисточно од Братислава.
Обидот за атентат се случил кога Фицо отишол меѓу насобраните луѓе.
Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со два до три куршуми во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница во Братислава.
Напаѓачот е уапсен на самото место.
Словачките медиуми јавуваат дека состојбата му е многу тешка и ќе биде опериран.
Македонија
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
Министерството за правда изрази благодарност до турските власти за преземањето на сите неопходни мерки за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој вечерва од Турција е пренесен во земјава и спроведен во истражниот затвор Шутка.
– Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски. Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци. Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте, стои во објавата на Министерството за правда.
Љупчо Палевски Палчо по пет месеци стигна во затворот во Шутка откако заврши постапката за екстрадиција од Турција.
Палевски со возила без полициски ознаки пристигна во истражниот затвор Скопје затоа што во отсуство му е одредена мерка притвор.