Македонија
Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари
Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата врховни судии Фаик Арслани, Ристо Катaвеновски и Африм Фидани во пресудата потврдија дека пониските судови правилно ги применувале законите во оваа кривично-правна постапка.
Скопскиот кривичен суд со пресудите од 2015 и 2017 година, тогаш обвинетите Јован Вранишковски и Исаило Поповски, и уште едно лице од Скопје, ги осудил за перење пари и други приноси од казниво дело.
За ова дело судот го осуди Вранишковски на казна затвор од една година и еден месец, во која му е засметано и времето поминато во притвор, а на обвинетиот Исаило Поповски и третото лице, судот им изрече условна казна затвор во траење од по две години доколку обвинетите во рок од пет години не сторат ново кривично дело. Од осудениот Исаило Поповски е одземен принос од казниво дело во вредност од 8.595.571 денари, што се состои во недвижен имот земјиште, во корист на оштетената МПЦ-ОА.
Апелационот суд ги потврдил пресудите на пониските судови. По правосилноста на пресудата, заедничко барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда до судот поднеле осудените Вранишковски и Поповски, а Врховниот суд им го одбил барањето за преиспитување на пресудата како недозволено и неосновано.
„Во барањето на осудениот Јован Вранишковски, поднесено преку бранителот Александар Тортевски, адвокат од Скопје, се наведува дека првостепениот суд не постапил по напатствијата на Врховниот суд, со која одлука предметот е вратен на повторно одлучување, каде е наложено да се преиспита дали е можно осудениот Јован Вранишковски да располага со пари кои веќе ги потрошил. Според подносителот, судот воопшто не навлегувал во преиспитување на ова прашање и носи одлука која е контрадикторна. Судот утврдил дека неспорно осудениот ги потрошил средствата, а целокупниот имот кој го купил со овие средства останал во сопственост на МПЦ, па оттука се поставува прашањето како со нападнатата пресуда имотната корист во износ од 8.595.571 денари која се состои од имот, ја одзема во корист на МПЦ“, напишале судиите објаснувајќи ги жалбените наоди на Вранишковски во пресудата.
Во жалбата Вранишковски навел дека во тоа време во кое му се става на товар дека го сторил кривичното дело бил на издржување на затворската казна за друго дело, но судот оценил дека тој во неколку наврати користел викенд и годишен одмор кога презел противправните дејствија.
Во образложението на судот, со кое не им се усвојува барањето на подносителите пишува: „Правилно првостепениот суд утврдил дека паричните средства со кои располагал осудениот Јован не биле потрошени за купување предмети, туку дека дел од тие пари ги задржал за себе, односно истите ги присвоил, за да може подоцна да ги пушти во оптек. Начинот на кој работел осудениот Јован во трите епархии во МПЦ судот неспорно го утврдува од исказот на сведокот М.П. кој исказ е јасен, недвосмислен и детален, од кој произлегува дека осудениот не работел во согласност со правниот акт, односно уредбата според која МПЦ се раководела во материјално финансиското работење. Неправилностите во неговото работење биле констатирани во извештајот од извршена ревизија во епархиите каде бил тој, со оглед дека тој бил и овластен за финансиското работење“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Немам никаква поврзност со било која фирма за марихуана
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во одговор на новинарско прашање рече дека нема никаква поврзност со било која фирма за марихуана и ја прозва Владата наместо дефокус да одговори со кои луѓе од власта е поврзана фирмата „Алфафарм“, наведена во документ на српското Обвинителство.
„Со кој е таа фирма, која е наведена во документ на српското обвинителство, поврзана? Дали е поврзана со некои луѓе од сегашната власт?“, праша Филипче.
Претседателот на СДСМ додаде дека власта прави дефокус од најголемиот нарко-скандал во регионот за да одбегне одговрност за тоа како 5 тони дрога ја поминале македонската граница.
„Коментирав неколку пати и ќе го повторам ставот – тоа е апсолутно само една форма на дефокус. Јас немам никаква поврзаност со било која фирма за марихуана во државата. Повторно е тоа обид да се избегне одговорот на вистинското прашање – како пет тони марихуана, 4–5 шлепери, поминале преку граница и завршиле во Србија. Како поминала на полициска контрола? Како поминала на царинска контрола на граница? Тоа се прашањата. Сè друго е голем дефокус“, истакна Филипче.
Претседателот на СДСМ потенцираше дека во изминатиот период и тој лично и партијата се изложени на лажна кампања и серија фабрикувани обвинувања.
„ВМРО-ДПМНЕ контролира една голема мрежа на медиуми тие се во целосна координација не само сега изминатите повеќе од 10 години со медиумската мрежа којашто ја контролирана од луѓе на унгарскиот премиер Орбан. Еве како излезе прво Жан Митрев, некое смешно обвинување како јас сум влијаел на судски процеси да можам болницата, па Дубаи, па Харис Џиновиќ, па авиони, ме поистоветија со убиец на деца, па дека сум се дрогирал што уште нема да измислат. Модуларната болница ја спомнуваат во Тетово. Дали мислат на оние луѓе семејства коишто ги изгубија таму членовите на семејствата? Дали на тие луѓе помислуваат. Не ме чуди овој систем на медиумска хајка којшто го водат, поради тоа што овој систем на медиумска хајка и лажни вести, лажна кампања, е воден од луѓе кои додека седат во собранието им се потсмеваат на родителите на децата што загинаа во Кочани“, рече Филипче.
Македонија
Пробиен последниот тунел од пругата кон Бугарија
Директорот на Јавното претпријатие Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски на својот фејсбук профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те, во делот на изградбата на пругата Бељаковце- Крива Паланка.
„Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија ( Бељаковце – Крива Паланка).
Пробивањето на тунелите се смета за една и од поспецифичните градежни активности. А на овој проект оваа позиција е веќе завршена. И натаму моменталниот прогрес од страна на изведувачот не е според очекувањата но можам да соопштам дека најспецифичните сегменти од проектот полека се надминуваат и очекувам месеци на посериозна оперативна активност и видлив прогрес. Коридорот 8 е од стратешко значење за Македонија и за НАТО и како таков сериозно се работи на неговата изградба и поврзување на Јадранско Море со Црно Море”, објави Ивановски.
Македонија
Свлечишта и поплавени домови и улици во Тетово и Гостивар
Како последица од обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, подрачјата што ги покриваат Регионалните центри за управување со кризи Тетово и Гостивар бележат поголем број интервенции поради поплави и свлечишта, информира Центарот за управување со кризи, според последните информации од терен до 13 и 30 часот.
Во Тетово пријавен е паднат потпорен ѕид врз семејна куќа на улица 146. На терен се излезени Кризниот штаб на Општина Тетово, полициска екипа од ПС Тетово и општинските инспекциски служби.
Евидентирано е свлечиште на патот кон Попова Шапка, на околу 150 метри од жичарата. Одронот претставува ризик за околните станбени објекти.
Големо свлечиште е регистрирано на улица 195, на патниот правец од с. Џепчиште кон с. Џермо. Патот е непрооден за цело маало.
Свлечиште е пријавено и на улица „Прохор Пчински“.
Во село Вејце пријавено е свлечиште над куќа со веќе постоечки оштетувања од земјотресот.
Во Општина Желино, реката Вардар се излеа во село Стримница, при што се поплавени пет куќи. Поради конфигурацијата на теренот, пристапот за интервенција е отежнат.
Во Општина Теарце пријавени се поплавени подрумски простории во село Теарце. Известени се надлежните институции.
Во Општина Јегуновце поплавен е локалниот пат од село Сиричино кон село Јегуновце. Општината испрати механизација и се очекува нормализирање на сообраќајот.
Во Гостивар состојбата се стабилизира по престанокот на врнежите. Реките во селата Лакавица, Беловиште, Мало Турчане и Балиндол се повлечени во своите корита.
Во село Форино, по излевањето на реката Вардар, водата е повлечена од улиците. Поплавени се околу 200 куќи. Во тек е испумпување на водата со ангажирање на служби и локално население.
Кумановски регион
На подрачјето на Куманово, како и во Општина Липково и Општина Старо Нагоричане, во моментов нема опасност од излевање на реките – водостојот е намален и водата е повлечена во коритата.
Од вчерашните врнежи:
Во село Опае (Општина Липково) поплавено е земјоделско земјиште по излевање на Слупчанска Река.
Дел од земјоделските површини се поплавени и во село Оризаре.
Во село Доброшане, кај мостот кон село Шупли Камен, имало насобран отпад и локално излевање на обработливо земјиште. Во моментов нема опасност.
Во населба Бедиње е однесен дрвен мост од надојдената река. Известени се надлежните служби.
Кичевски регион
Во Кичево врнежите престанаа и нивото на реките е намалено. Состојбата во градската болница е нормализирана.
Евакуирани се 250 лица (62 семејства), на кои им се доставува храна, вода и неопходни средства.
Екипите на ЈП „Комуналец“ и ТППЕ вршат испумпување на водата од подрумите на улиците: Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември, како и кај домовите покрај реките Треска и Зајашка.
Поплавени се и земјоделски површини покрај речните корита во општината.
Скопски регион
Во Скопје е пријавена надојдена вода кај мостот во Јурумлери (граница меѓу општините Аеродром и Гази Баба), како и минимално излевање на реката Вардар кај село Пакошево – Ново Село, во Општина Зелениково. Засега нема други пријави.
фото/илустрација

