Македонија
Втора пауза на лидерската средба, Ахмети вели – засега нема договор

„Да имаше договор…“, вака накусо лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им одговори на новинарите на прашањето дали постигнале согласност во преговорите. Другите политички лидери не беа расположени за коментар за текот на разговорите.
Неофицијално, власта и опозицијата остануваат на своите позиции. Премиерот Зоран Заев бара гаранција за успешен референдум, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, инсистира на пржинска влада, па потоа да се зборува за референдумот.
Средбата трае повеќе од пет часа, а политичките лидери придружувани од своите соработници направија втора пауза за кафе и координација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.