Македонија
Втора хуманитарна акција на BtoBet со „Ретвитни оброк“
Вработените на BtoBet вторпат ја поддржаа неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“ приготвувајќи оброци за социјално загрозените сограѓани.
![]()
По првата успешна акција реализирана минатата година, а како дел од своите општествено одговорни практики, компанијата повторно волонтира во една од редовните акции на „Ретвитни оброк“. „Среќни сме што повторно имавме можност да соработуваме со оваа хумана иницијатива и да дадеме мал придонес за нашите сограѓани во социјален ризик.
![]()
Преку ова сакаме да испратиме порака дека она што за некого се подразбира, а претставува основна и секојдневна потреба, како што е топлиот оброк, за жал, за некого е луксуз. Со ваквите активности ги зајакнуваме чувството на заедништво и солидарноста, споделуваме грижа, но и преку пример ги поттикнуваме преостанатите фактори во заедницата со малку труд да направат големо дело“, изјави Љупка Ивановска, координатор за човечки ресурси во BtoBet.
![]()
ИТ-компанијата континуирано остварува соработки и реализира активности со кои ги промовира своите корпоративни заложби за општествена одговорност и враќање на заедницата.
![]()
Меѓу нив се соработката со Институтот за трансфузиона медицина, редовните активности со Црвениот крст, екоакциите со Kajak.mk, соработка со иницијативата „Донирај компјутер“ и многу други.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

