Македонија
В недела повеќе линии ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот
В недела (13.11.2022 год), во период од 16:30 до 19 часот, поради одржување на улична трка по повод празникот 13 Ноември, поголем дел од линиите од јавниот превоз ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот.
Линиии 3, 3А и 3Б
* во насока од Аеродром кон Клинички центар и Панорама, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар и Панорама
* во обратна насока, по булевар „Мајка Тереза“ кон центар, ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси
Линија 4
* во насока од населба 11 Октомври кон Хром, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса
* во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, па лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса
Линија 4А
* во насока од Усје кон Тафталиџе, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружниот тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата вообичаена траса
* во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса
Линија 5
* во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружнит тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата вообичаена траса
* во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса
Линија 7
* во насока од Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса
* во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса
Линија 15
* во насока на Ново Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса
* во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса
Линии 21, 21A, 21Б и 22
* во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волково, кај Комплекс банки ќе продолжуваат по булевар „Крсте Мисирков“, лево по булевар „Гоце Делчев“, булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса
* во обратна насока ќе сообраќа по истата изменета траса
Линија 23
* во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат
*во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“ лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа десно по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса
Линија 24
* во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе, кај подвозникот ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по бул. „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и продолжува по својата траса
* во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Јордан Мијалков“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса
Линија 27
* во насока од населба Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат
* во обратна насока од булевар „Мајка Тереза“, лево по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе врти лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата вообичаена траса
Линии 50, 50А, 57 и 59
*во насока на Клинички центар, Дом на печат, Козле и Карпош, од постојка Бит-пазар ќе вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, после мост Гоце Делчев и булевар „ВМРО“ ќе продолжуваат по својата вообичаена траса
*во обратна насока ќе се движат по истата вообичаена траса
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле
На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи со одговорност, или ќе продолжи да кради и распродава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога веќе Спасовски се одлучи давенички да прави капитал со настаните 27 април, тогаш нека одговори на едноставното прашање кој највеќе искористи со настаните на 27 април? Кој направи влада после овие настани? Дали за монтираниот судски процес не беше наградена Русковска и Кацарска? Како Русковска пред време ги знаела пресудите за 27 ми април според јавните сведоштва изнесени во јавноста? Дали мирно спие Спасовски со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле?“, прашуваат од партијата.
Оттаму додаваат дека „луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле, а им ги товарија и препишаа“.
Македонија
Ковачевски: Никогаш повторно режим, не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај
Денешниот ден, 27 април, e најцрниот датум во историјата на нашата демократија и никогаш не смее да се заборават сликите од крвавиот четврток пред седум години, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на својот фејсбук профил. Ковачевски потенцира, дека 27 април е потсетник на едно време на режим, насилство, страв и незивесност.
„Никогаш да не ги заборавиме сликите од крвавиот четврток, сликите на насилниците поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ кои извршија упад во Собранието, се обидоа да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, кои сакаа да да го урнат уставниот поредок. На 27 април пред седум години, се виде до каде може да одат поделбите и омразата, желбата за пресметка со сите оние кои мислат поинаку. Овој датум е потсетник колку лесно опасна, десничарска власт може да ја уништи стабилноста и демократијата, да ја уназади државата. Тогаш не се откажавме од борбата за подобра иднина на граѓаните, за слободна и демократска држава. Нема да се откажеме ниту сега. СДСМ е партија направена од цврст материјал и секогаш на вистинската страна од историјата. Како што не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај. Никогаш повторно режим“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Македонија
Силјановска-Давкова: Пратеници кои се претставуваат како екологисти, учествуваат во уништувањето на животната средина
По цунамито во средата сега не очекува вулкан кој ќе создаде услови да се решат проблемите и да се тргне напред во градење на општество каде ќе се почитуваат законите, рече Силјановска-Давкова.
Денеска кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова во рамките на кампањата беше во Mаврово каде што оствари средба со граѓани.
Во своето обраќање од Маврово, Силјановска-Давкова порача:
„Маврово има посебна вредност за Македонија и затоа и државата и граѓаните мора да се грижат за оваа природна и човечка убавина. Мора да запре систематското уништување на животната средина и да запре урбанистичкиот хаос во Националниот парк Маврово. Невидено е во една ваква природна убавина заштитена со закон во 21 век да се градат дивоградби во заштитени зони, да се дозволува во езерото да се влеваат фекалии, не смееме да го уништуваме тоа што ни го дала природата затоа што на тој начин сами се уништуваме.
Уште пострашно е кога и пратеници кои се претставуваат како екологисти, а учествуваат во уништувањето на животната средина и заштитени национални богатства.
По цунамито во средата сега не очекува вулкан кој ќе создаде услови да се решат проблемите и да се тргне напред во градење на општество каде ќе се почитуваат законите и ќе се регулира животната средина но и правото на граѓаните да живеат достоинствено во секој поглед“.