Македонија
(Галерија) Инспектори за животна средина и јавно здравје треба да утврдат дали е безбедно враќањето во зградата
Станарите од зградата на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, веќе неколку часа се надвор од своите домови кога беа евакуирани по пријава дека во влезот почувствувале силна миризба и печење на очите.
Пред зградата се наоѓаат екипи на полицијата, Противпожарната единица и брза помош. Се проверува влезот на зградата, каде што неофицијално била фрлена некоја материја или пиротехничко средство. Станарите претпоставуваат дека полицијата најверојатно ги проверува и становите.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов кој вечерба беше на увид во зградата кај Скопјанка изјави дека се чекаат и единици на АРМ за радио хемиска и биолошка деконтаминација, која ќе дојде со инструменти да го измери квалитетот на воздухот.
Повикани се и инспектори од Министерството за животна средина и од Институтот за јавно здравје за да се утврди дали е безбедно враќањето во зградата.
„Не се забележани остатоци од течност или што било. Не е забележано ништо оставено во влезот. Нема повредени, а екипа на брзата помош беше повикана поради превентива“, информираа надлежните.
- Евакуација во зграда во Скопјанка
- Евакуација во зграда во Скопјанка
- Евакуација во зграда во Скопјанка
- Евакуација во зграда во Скопјанка
- Евакуација во зграда во Скопјанка
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај, Гази Баба и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 д 15.00 часот, дел од корисниците од село Љубин (општина Сарај), како и објектите на компаниите Мајами, Ана Компани, Мак лифт и Прилепска Пивара. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците Никола Мартиновски и Азем Хајдари, Албанскиот Тетар и објектите лоцирани околу него (општина Чаир), како и дел од корисниците од село Бојане. (општина Сарај)
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег
Македонија
Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, соопшти МНР за средбата.
Еврокомесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.






