Контакт

Македонија

Галичка свадба: Спој на традицијата, културното наследство и вистинските партнерства

Објавено пред

Од 15 до 17 јули во живописниот Галичник, на падините на планината Бистра, ќе се одржи 48. издание на автентичната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“. За галички зет и невеста оваа година се избрани Илчо Димитров и Елена Дуровска, а карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле“ во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекриќ, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „да“ во Галичник на 28 август.

dobivaj vesti na viber

„Многу сме среќни што интересот на младите за учество на Галичка свадба од година во година се зголемува, што покажува дека традицијата и народните обичаи остануваат темел на нашиот колективен идентитет и вредности. Конкретно оваа година се пријавија пет двојки, од кои три во целост ги исполнија пропишаните критериуми, по што организацискиот тим одлучи сите нив, на најдобар можен начин, да им даде можност да учествуваат во годинешната манифестација“, објасни претставникот на организацискиот тим на Месната заедница Галичник, Александар Костиќ. Тој информираше дека благодарение на поддршката од големиот број поддржувачи и оваа година Галичник е подготвен да им посака добредојде на сите посетители од земјава и странство кои ќе дојдат да ги видат и да посведочат за убавината и уникатноста на свадбарските обичаи, богатиот колорит на народните носии на свадбарите и изворните песни и ора, карактеристични за овие македонски предели.

И овој пат покровител на Галичка свадба е претседателот Стево Пендаровски, а еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата е Министерството за култура.

„Галичката свадба е повеќе од традиција, повеќе од културно богатство, од адет, од наследство. Галичката свадба е идентитет. За восхит е гордоста на галичани на своите корени, на своите семејни стебла, на својот Галичник. Нивната печалбарска историја, која од колено на колено се прераскажува за да не се заборави, е драгоцен запис од македонското минато. Препознавајќи ги трудот и љубовта што се вложуваат за зачувување на оваа уникатна традиција, со Институтот за фолклор работиме на елаборат за зачувување и заштита на галичките свадбени обичаи, со што Галичката свадба и нејзините обичаи, за првпат во нивното шеесетгодишно манифестациско постоење, ќе ја добијат заслужената институционална заштита“, изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Пиварница Скопје и нејзините брендови и оваа година се дел од Галичка свадба, со што продолжува партнерството кое непрекинато трае од самите почетоци на манифестацијата, односно 48 години, а ќе продолжи и во годините што доаѓаат.

„Во годината кога Пиварница Скопје прославува 100 години од своето основање, ни претставува посебна чест и задоволство да ја продолжиме поддршката и партнерството со една од најпознатите манифестации во нашата земја. Токму традицијата е она што ги поврзува Пиварница Скопје и Галичка свадба и она што сите нас нè држи заедно, и затоа во пресрет на одбележувањето на 60-годишнината од почетоците на Галичка свадба во сегашната форма, што ќе се случува следната година, ние во Пиварница Скопје сме подготвени да го продолжиме и дополнително да го зајакнеме нашето меѓусебно партнерство, со што ќе овозможиме продолжување на богатата традиција која е дел од нашето заедничко културно наследство“, истакна Марија Мининчиќ, менаџерка за партнерства со заедницата на Пиварница Скопје.

Покрај финансиска поддршка која е неопходна за одржување на континуитетот и високото ниво на Галичка свадба, Пиварница Скопје традиционално обезбедува и пијалаци за учесниците во свадбeната церемонија.

„Се вели дека нема свадба или друга прослава без пијалаците на Пиварница Скопје, а особено без СКОПСКО. Ако е така, тогаш сосема природно е што СКОПСКО било и останува да биде дел од најпознатата македонска свадба. Дополнително, создавањето на СКОПСКО, како еден од најпознатите македонски брендови е процес во кој се вградени многу знаење, љубов и долга, речиси 100-годишна традиција. Ова е уште една причина зошто партнерството помеѓу Пивара Скопје, СКОПСКО и Галичка свадба опстојува толку долго и ќе трае и во иднина“, вели Марта Завкова, сениор бренд-менаџерка за Скопско во Пиварница Скопје.

И во оваа пригода, од Пиварница Скопје го повторија својот постојан апел до сите кои наредниот викенд ќе дојдат во Галичник, а тоа е: да консумираат алкохол одговорно, да не возат доколку пијат и максимално да се грижат за одржување на чистата природа.

Инаку, програмата на годинешната Галичка свадба започнува вечерта на 15 јули, со јубилеен концерт посветен на великанот на народната песна Александар Сариевски, кому годинава му се навршуваат 100 години од неговото раѓање и 20 години од неговата смрт, а кој родум е токму од Галичник.

Свадбените активности, пак, традиционално ќе започнат в сабота, на 16 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Потоа ќе бидат изведени свадбарските ритуали – „пречек на топаните“, кои два дена ќе ги веселат сватовите и гостите, свекрвата ќе го одигра свекрвиното оро, а членовите на „Фолклорни бисери“ од Скопје ќе го одиграат орото „Тешкото“ – симболот на свадбите и на веселбите, на испраќањето и пречекувањето на печалбарите, на непокорот и оптимизмот. Исто така, на платото пред опеаната чешма Упија ќе бидат одиграни невестинското, манукот и други ора. Импресивна ќе биде глетката кога сватовите со борина в рака ќе ја носат девојката да наполни вода на три чешми, а веселбата ќе продолжи до раните утрински часови. Венчавањето на младенците ќе се изврши в недела, 17 јули, во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“, а свеченоста ќе заврши со чинот на испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.

Од целата програма на Галичка свадба 2022 ќе се врши пренос „во живо“, на специјален екран поставен на платото пред чешмата Упија, како и преку интернет, на социјалните мрежи.

Македонија

Пролетен неделен ден во зима со температури до 16 степени

Објавено пред

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 16 Целзиусови степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, исто така се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура се очекува да се спушти до 0, а максималната да достигне до 15 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, до среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Утрата ќе бидат постудени со појава на слаба магла по одделни котлини. Во четврток и петок ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.

Прикажи повеќе...

Македонија

Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има

Објавено пред

Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“  поладнево на  „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.

dobivaj vesti na viber

-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.

Тој, во изјавата за медиумите, истакна  дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.

 

-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.

Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.

-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.

Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

Објавено пред

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет5 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет6 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет8 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет9 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет9 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет10 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет10 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет10 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија11 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет11 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет11 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет14 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија16 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет16 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет20 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет21 час

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија22 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет22 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет24 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...