Македонија
(Видео) Гаши: Натпартиски кандидат е поприфатлив за нас
„Натпартиска личност со интегритет отколку партиски член е поприфатлив профил на претседателски кандидат за Беса алтернатива“, изјави Африм Гаши по завршувањето на средбата со премиерот Зоран Заев.
Гаши вели тоа била личност што не давала несреќни изјави во минатото, односно изјави што биле во навредлив контекст кон Албанците, затоа што тие ќе треба да го убедат гласачкото тело да гласаат за него.
„За нас, ова се критериумите до кои ќе се држиме. Пред сè, кандидатот треба да биде прифатлив за сите, пред сè за Албанците, да има добро CV и да има добар рејтинг на анкетите. Сѐ уште немамe преговарано за конкретни предлози. Ова е прва средба на која се договоривме дека ја прифаќаме идејата за консензуален кандидат“, рече Гаши.
По објавувањето на предлогот од СДСМ, Беса алтернатива ќе одржи внатрепартиски состанок, на кој ќе донесе одлука дали го поддржува или не.
Претходно, Гаши изјави дека доколку пропадне шансата за консензуален кандидат, ќе преговараат со Алијансата за Албанците за заеднички настап, а доколку не се договорат и со нив, на изборите ќе настапат самостојно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

