Македонија
Герасимовски: Инклузијата на децата Роми во градинките ја зголемува нивната социјализација
Образованието во раното детство ја има клучната улога во развојот на децата и носи позитивни социо-економски ефекти врз целото општество. Општина Центар која како партиципиент во проектот на „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки“, од МТСП од 2011 години обезбедува инклузивно образование за 20 дечиња во општината, информираат од Општината.
Станува збор, како што појаснуваат, за дечиња од 3 до 6 години кои доаѓаат од згрижувачки семејства или приматели на социјална помош на кои општината им ги покрива месечните трошоци за посетување на градинката ЈУДГ на ОЦ Раде Јовчевски – Корчагин.
„Општина Центар преку учество во овој проект сака да ги отстрани бариерите за пристапот на децата Роми до предучилишните установи, да ја зголеми социјализацијата и да го намали јазот помеѓу Ромите и другите етнички заедници во делот на образованието. Особено е важно да ја разбудиме свеста и кај родителите на децата Роми и да ја истакнеме важноста за раниот детски развој и подоцнежното образование како единствена алатка за успешна интеграција во општеството“, истакна Герасимовски.
Герасимовски исто така истакна дека особено е важно што децата Роми воспитно-образовниот процес го следат интегрирани заедно со другите дечиња кои ја посетуваат градинката.
Општина Центар ќе продолжи да ги подржува проектите за инклузија и еднаков пристап до воспитно-образовниот процес, велат од таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

