Македонија
Герасимовски: Повторно е санирано кошаркарското игралиште „Славка Недиќ“ од оштетувања
Општина Центар повторно го санира кошаркарско игралиште на улицата Славка Недиќ откога вторпат беше оштетено. Овој пат несовесни жители ја оштетиле подлогата, на која ѝ истуриле киселина и искршиле дел од урбаната опрема, канти и клупи. Екипи на општинските служби со механизација извршија санирање и направија записник на оштетената опрема, а градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, повторно апелира доколку се затекне вандализирање и уништување на урбаната опрема случајот и лицата да ги пријават во Општината.
„Повторно го саниравме детското кошаркарско игралиште „Славка Недиќ“, на кое пред два месеца несовесни граѓани имаа истурено масло на подлогата. Овој пат повторно беше уништено поради истурена киселина. Навистина е жално и срамно ова што се прави и навистина се обидувам да разберам која е причина и потребата за ваков вандализам. И за ова мора да застанеме сите заедно и да ги спречиме овие појави. Затоа, повторно ве повикувам сите вие што ќе затекнете насилно однесување и уништување на игралиштата или урбаната опрема да го пријавите тоа. Овие денови детската игра, која значи правилен раст развој и социјализација, беше прекината поради оваа недолична причина, да не го дозволиме тоа“, порачува Герасимовски.
Општина Центар повторно ги известува граѓаните дека уништувањето на урбаната опрема претставува прекршочно дело за што следуваат високи парични казни. Во согласност со Законот за јавната чистота, заради обезбедување јавна чистота на јавни површини по член 114, забрането е уништување урбана опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта). За уништување урбана опрема општинската комунална инспекција изрекува прекршочни глоби во висина од 150 евра во денарска противвредност за физички лица или од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за правни лица и 300 евра за одговорното лице.
Општина Центар со цел да ги зачува детски игралишта и го заштити јавното добро ги повикува и месните и урбани заедници да се вклучат во подигањето на свеста за зачувување на урбаната опрема и да се вклучат во конкретни активности. кои ќе придонесат за подобрување на состојбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК
Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за одбивање на приговорите за парламентарните избори.
„Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот законик“, се вели во соопштението.
- Решение бр.УП1 бр.10-21/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.87/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-21/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.88/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-15/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.89/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.90/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.91/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-6 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.92/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-19/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.93/2
Попладнево Управниот суд одржа јавна седница по тужбата на „Вреди“. Судот одлучи дека постапката се прекинува откако претставникот на коалицијата изјави дека тужбата ја повлекува во целост.
Македонија
Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители
Главен предизвик ќе бидат реформите во Судски совет и Советот за јавни обвинители. Наша цел е да ги распуштиме овие кои довербата во правниот систем ја сведоа на едноцифрена бројка проценти, и наместо нив самите судии и обвинители да си ги изберат своите претставници преку тајно гласање, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото обраќање на Самитот Македонија 2025.
Мицкоски потенцираше дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера ниту да поставува и предлага свои луѓе преку измени во законот, нити има намера да се мешаме, во овие две тела.
– Исто така наша обврска ќе биде да обезбедиме независен буџет, врзан со проценти од централниот за да бидат целосно автономни, за да не бидат потоа политичарите изговор на некој од тие корумпирани поединци во судство и обвинителство дека тие им правеле притисок. Сами да се изберат и сами да функционираат, а ние ќе правиме оверсајт на таа работа преку собраниска комисија во која ќе има претставници и на власта и на опозицијата, истакна Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека целта е комплетна автономија во правниот систем.
Но ако забележиме било какво влијание од поранешни политички елити или други точки на влијание ќе има сериозна кривична одговорност. Немаме намера ниту милиметар да отстапиме, изјави Мицкоски.
Македонија
Џафери: Управнот суд и институциите да ја заштитат кредибилноста на изборите
Премиерот Талат Џафери од ДУИ, од прес-конференција во Владата се осврна на изборниот процес, и ги повика институциите да ја штитат кредибилноста.
Тој рече дека како премиер, одговорен за успешноста на изборите, добил извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за изборен инженеринг со вон-институционален меѓупартиски договор за гласање и надгласување во Државната изборна комисија во врска со симптоматичните приговори поднесените од страна на учесниците во изборите.
Според извештаите, овие претензии за изборен инженеринг имаат за цел менување на соодносот на бројките во Собрание преку политички договор на маса.
„Кредибилност на изборите и на демократскиот процес, прифатен и поздравен од сите партии и од меѓународната заедница, сега е во рацете на Управниот суд и јас ги поканувам сите институции да постапат согласно Законот, без партиски или политички директиви од која било страна, и да го штитат кредибилитетот на изборниот процес докрај, без да фрлат дамка врз волјата на граѓаните изразена на изборите“, порача Џафери.