Македонија
Герасимовски: Ќе се поставува фотоволтаична централа на градинката „Пепелашка“
Општина Центар ја добива првата фотоволтаична централа наменета за ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин“, објект „Пепелашка“. Станува збор за донација од компанијата „Окта“ АД – Скопје, која советниците ја прифатија на вчерашната 22. седница на Советот.
Компанијата „Окта“ АД – Скопје, по претходно добиени информации за потрошувачката на енергија во оваа градинка, донира фотоволтаична централа со капацитет од 20 кв, која според процената целосно ќе ги задоволи потребите на градинката. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, на компанијата „Окта“ ѝ изрази благодарност за донацијата.
„Имавме два состанока и со одговорните на компанијата ‘Окта’, на кои ги разгледавме нивните финансиски можности и капацитетите на предучилишните установи, кои ќе треба да се задоволат. Градинката Раде Јовчевски-Корчагин’, односно објектот ‘Пепелашка’, се покажа како најсоодветен според анализите на претпоставените лица од компанијата по што фотоволтаичната централа ќе биде поставена во тој објект. Искрено сум ѝ благодарен на ‘Окта’ и се надевам дека во текот на годината интерес за донација на фотоволтачни централи ќе пројават и други општествено одговорни компании“, изјави Герасимовски на седницата.
Покрај донацијата, корпоративната општествено одговорната компанија „Окта“ АД – Скопје ги презема и трошоците за подготовка, потребни дозволи и решенија, како и изведбата на проектот, односно инсталацијата на централата.
Општина Центар неодамна го формира трговското друштво „Енергија Центар“ за производство и продажба на електрична енергија. Општина Центар ќе продолжи да вложува во проекти што носат бенефит за општината и граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

