Македонија
Гир: Владата може да очекува поддршка од ЕУ во проектите кои значат подобар живот
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, преку видеоврска денеска одржа состанок со шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир, со кого разговараа за спроведувањето на реформите во земјата во насока на евроинтеграцискиот процес.
Пристапниот процес кон Европската Унија е национален интерес, рече Битиќи и додаде дека во периодот кој следи посветено ќе се работи на зајакнување на човечките капацитети за спроведување на потребните реформи, ќе се посвети особено внимание на борбата против корупцијата и криминалот, како и на владеењето на правото и правдата за сите, а воедно ќе се насочат и големи ресурси во реализацијата на капитални инвестиции, со цел подобро инфраструктурно поврзување во земјата, но и на Северна Македонија со другите земји во регионот.
Амбасадорот Гир го реафирмираше ставот дека делегацијата на Европската Унија во Скопје ќе остане активен учесник во реформските процеси и потврди дека Владата може да очекува поддршка од ЕУ во проектите кои значат подобар живот на граѓаните.
Вицепремиерот Битиќи и ЕУ- амбасадорот Гир на крајот на состанокот се согласија дека ќе продолжат со интензивна комуникација и следење на сите проекти кои се реализираат во заедничка соработка, за да се постигнат поставените цели и да се придонесе кон подобар живот на сите граѓани во Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

