Македонија
Горан Грујевски осуден на 1,5 година затвор
Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ го осуди на казна затвор во траење од една и пол година ексначалникот на петтата управа, Горан Грујевски, кој избега во Грција во предметот на СЈО, „Тврдина 2“, за уништување на списите од прислушувањето.
Судот при донесувањето на пресудата постапил по напаствијата на Апелација која само за Грујевски ја укина пресудата, а ја потврди за шесте службенички во УБК, кои добија условни казни затвор.
Ова е првото обвинение кое го поднесе СЈО до кривичниот суд.
Првата пресуда за Грујевски ја донесе судијката Лидија Петровска. И тогаш Грујевски беше осуден на истата казна затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Партијата на гробарите на Македонија тандемот и браќата по корупција Зоран Заев и Венко Филипче наместо да се сокрие, крева галама за нешто што е одмината работа
Партијата на гробарите на Македонија тандемот и браќата по корупција Зоран Заев и Венко Филипче наместо да се сокрие, некако крева галама за нешто што е одмината работа и кое имаа 7 години време да го анализираат како власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако мислат дека се уште им проаѓаат таквите трикови и дека народот ги заборави кои се, се излажале. Тоа се истите кои:
1. Бараа провизија на вакцини;
2. Крадеа на цитостатици;
3. Испумпуваа милиони од РЕК;
4. Кои наместо цврста градба градеа модуларни болници од кои една се запали и изгоре и во смрт однесе 14 луѓе кои живи изгореа;
5. 7 години не направија километар пат;
6. Го зголемија долгот на државата скоро двојно, а ништо не направија како проект или дело.
Списокот е долг, а причините поради кои СДС е тешка опозиција им се јасни во таа партија, а особено на Филипче“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:
„Наместо да коментираат колку да се коментира, нека се позанимаваат со тоа дали на следни избори ќе имаат гласачи за еден пратеник, зошто Филипче им стана претседател со 9.000 гласа од цела Македонија, нешто што дава индикации дека на парламентарните избори 2028 година нема да може да биде изберен ниту за пратеник“.
Македонија
Сиљановска Давкова со честитка до Бајден по повод Денот на независноста: Ние сме горди на традиционалното пријателство со американскиот народ
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, упати честитка до претседателот на САД, Џо Бајден.
„Овој 4 Јули, американските граѓани ја прославуваат 248-годишнината од усвојувањето на Декларацијата за независност и ги слават принципите на слобода и на еднаквост, коишто се вградени во овој документ, што претставува инспирација за многу народи во светот. Стремежот на татковците на американската нација да формираат влада, којашто го застапува и ја црпи својата моќ од народот, е подеднакво валиден до денешен ден и за многу други народи и концепти на управување, вклучувајќи го и македонскиот. Споделувајќи и негувајќи ги овие вредности, ние сме горди на традиционалното пријателство со американскиот народ и сме посветени на неговото натамошно зацврстување, како и на унапредување на соработката во сите сфери од заемен интерес.
Како стабилен партнер и докажан сојузник на Соединетите Американски Држави во НАТО Алијансата, остануваме фокусирани на заедничките определби за безбедност, слобода и демократски просперитет со учество во заедничките активности во борбата против заканите врз стабилноста и мирот во Европа и во светот“, пишува Сиљановска Давкова во писмото до Бајден.
„Ја користам оваа пригода да се заблагодарам за поддршката од страна на Соединетите Американски Држави во спроведувањето на нашите реформски процеси, нагласувајќи дека ќе продолжиме посветено да работиме на нивната реализација. Нашата крајна цел е унапредување на благосостојбата на македонските граѓани, полноправно членство во ЕУ, а со тоа и подигнување на нашиот статус и зголемување на нашата сила како сојузник во НАТО.
Повторувајќи ги моите срдечни честитки и надежта дека цврстите врски помеѓу нашите две земји и пријателски народи ќе продолжат да јакнат и во иднина, Ве молам, господине Претседателе, да ги примите изразите на моето највисоко почитување“, додава претседателката.
Македонија
120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло, тврди Радев
Претседателот на Бугарија Румен Радев на работна средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина, разговарале за итно интензивирање на работата на стратешките билатерални планови, но и за проблемите со Република Северна Македонија по доаѓањето на новата власт.
„За жал, државното раководство на Северна Македонија очигледно не е подготвено за функцијата. Неопходно е да се знае меѓународното право. Откако ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да биде имплементиран од сите наредни влади, а не да се ревидира“, рече Радев и додаде:
„Неопходно е и познавање на статистиката, бидејќи сега 120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло“.
Радев на брифинг со новинарите објасни дека важен стратешки проект за Грција и Албанија е терминалот за течен природен гас во Александруполи, кој треба да биде пуштен во употреба најдоцна до октомври.
– Терминалот сè уште има технички проблеми, кои се решаваат. Во проектот учествува Бугарија, која има стекнато 20 отсто од него – потсети Радев.