Македонија
Го нема намалувањето на функционерските плати оти министерот Азир Алиу не бил во државата деновиве, рече Битиќи
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, до крајот на неделава очекува да биде готово предлог- решението што треба да ги намали платите на функционерите. Објасни дека предлогот сѐ уште не е готов оти не бил тука министерот за информатичко општество.
„Предлогот сè уште не е готов, министерот за информатичко општество не беше во државата овие денови. Мислам дека неделава ќе се состанеме пак за конечно да дадеме предлог. Мислам дека ќе мора да има одредено решение до крајот на ноември затоа што, секако, ќе изискува законски измени, кои понатаму треба да поминат во Собранието“, рече вицепремиерот Битиќи.
Минатата недела, пак, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, рече дека решение за намалување на платите на функционерите ќе се избере до крајот на годината.
Пари за зголемените функционерски плати не се испланирани во буџетот за 2024 година, кој изнесува 5,5 милијарди денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

