Македонија
Градежните работи на експресниот пат Градско – Прилеп се засилуваат од август, до крајот на годината ќе се вози по нов пат од Градско до Дреново

Од 1 август се засилуваат градежните работи на експресниот пат Градско – Прилеп. Застојот од неработењето од една и пол година е надминат и до крајот на годината граѓаните ќе може да возат по нов модерен пат од Градско до Дреново, најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Како што истакна Николоски, причината за застојот за изградба на првата фаза од овој патен превец е фактот што во изминатата една и пол година Министерството за траспорт и ЈП за државни патишта не номинарале членови на комисија, која во соработка со ЕУ требало да работи на надминување на техничките и административните проблеми во изградбата на овој дел од експресниот пат.
„По една и пол година, јас веднаш ја формирав комисијата. Таа веќе почна да работи и она што е најважно дека веќе од август ќе се засилат работите на терен сѐ со цел во декември да се заврши оваа прва фаза и да се вози по нов пат од Градско до Дреново. Во однос на втората фаза од Дреново до Фариш, таа практично е и најтешката, а за што имавме состанок со ‘Синохидро’ и ги придвиживме работите. Реално е за очекување веќе во април в година и таа фаза да биде завршена и да се стави во сообраќај“, изјави министерот Николоски.
Според министерот Николоски, в година ќе почне да се работи на проект за проширување на превојот Плетвар, во деловите на кои недостига трета лента, сѐ со цел до крајот на 2026 година целиот експресeн пат од Градско до Прилеп да биде функционален.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити најави изградба на Територијална противпожарна станица во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити, денеска ја најави изградбата на нова Територијална противпожарна станица во срцето на општината.
„Брзата интервенција спасува животи. Оваа станица не е луксуз, туку животна потреба и директна инвестиција во безбедноста и благосостојбата на граѓаните,“ изјави Меџити.
Проектот предвидува модерен објект од 750 м², три противпожарни возила и 12 професионални пожарникари, обучени за интервенции на секој терен.
Меџити им се заблагодари и на членовите на Доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“, кое со години претставува важен столб на јавната безбедност во Чаир и пошироко.
„Чаир заслужува модерна инфраструктура и сигурни услуги. Оваа станица значи повеќе спасени животи, помалку штети и поголема институционална одговорност,“ заклучи тој.
Македонија
Манасиевски: Мојсоска од Левицата си инкасирала над 600 илјади денари од партијата додека ги напаѓала колегите за патни трошоци

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција обвини дека пратеничката Маја Мојсоска од Левица за четири години добила над 600 илјади денари од сопствената партија, иако во јавноста жестоко ги критикувала колегите за патни трошоци.
„Лицемерието на Мојсоска и Левица не престанува, тие се тотално демаскирани. Продаваат скромност и неподмитливост пред народот, а позади нивниот грб ги полнат сопствените џебови“, изјави Манасиевски.
Тој истакна дека во периодот од 2021 година до денес, Мојсоска од партијата инкасирала повеќе од 600 илјади денари, иако во Собранието ги напаѓала колегите пратеници за законските патни трошоци што ги добиваат.
„Врз кој основ ги добила Мојсоска овие пари? Дали овие пари се партиски патни трошоци? Колкаво е лицемерието на Мојсоска и Левица – да ги напаѓа колегите пратеници, а од другата страна од сопствената партија да зема над 600 илјади денари?“, праша Манасиевски.
Тој додаде дека, според него, и Мојсоска и Левица се „прочитани пред јавноста“.
Македонија
Зајкова: 102 молкa, 1 живот помалку – електронска белезица за сторителите на насилство

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова се огласи на Фејсбук по повод грозоморното двојно убиство и самоубиство кои го завија Велес во црно изминатите неколку денови.
„Предложив на 1-ви април да превенираме, за никогаш повеќе да не санираме штети кои се ненадоместливи. Кога зборував, молчеа. Молчеа и без аргументи го отфрлија предлогот за електронска нараквица за превенција на жртвите од насилство. Дали денес мирно спиете сите 102 што пратеника што не дадовте поддршка?!? Доволно е“, пишува во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук.
На седницата во Собранието, одржана на 1 април, ЛДП поднесе предлог за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, со кој ќе се доуреди привремената мерка забрана за приближување на сторителите до жртвите.
Предлогот значеше дека покрај забраната за приближување, сторителот на себе треба да има електронска нараквица која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до одредено место, односно на оддалеченост помала од 100 метри.
Предлог законот не се изгласа, односно на седницата доби подршка само од 12 пратеници/чки, додека 102 пратеника воопшто не се изјаснија, велат од ЛДП.