Македонија
Градинките добија протокол за работа – се прилагодуваат групите согласно насоките
Министерството за труд и социјална политика информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството за здравство беше одлучено да се направи ажурирање на податоците за бројот на деца за кои родителите се изјасниле дека ќе посетуваат градинка. Согласно донесениот Протокол, приоритет за згрижување има дете на самохран родител којшто е во работен однос и дете на двајца родители кои се во работен однос, а работните задачи мора да ги извршуваат на работното место.
Информацијата ќе биде изработена врз основа на податоците од сите градинки, јавни и приватни, соодветно на доставените потврди од родителите.
Министерство за труд и социјална политика во соработка со Комисијата за заразни болести има изработено Протокол- оперативен план за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба, усвоен од Владата на Република Северна Македонија на 29.05.2020 година и истиот беше испратен до Јавните и приватните установи за деца – детските градинки за нивно постапување. Протоколот е објавен во „Службен весник“.
Претставниците на Министерството за труд и социјална политика појаснија дека Протоколот е прифатен од страна на сите градинки и истите ги прилагодуваат групите согласно насоките. Министерството за труд и социјална политика нема добиено насоки за измена на Протоколот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.

