Македонија
„Градската власт на ДПМНЕ и Арсовска ја оставија Универзална да се распаѓа, реконструираниот дел е неоштетен од пожарот“, велат од СДСМ

„ДПМНЕ свесно лаже затоа што само поради нивната локална власт, Универзална сала не е направена и со години се распаѓаше. Во периодот на ВМРО ДПМНЕ, Универзалната сала беше оставена на забот на времето, практично беше уништена и од внатре и од надвор. Процесот на реконструкција започна во време на СДСМ, но со доаѓањето на власт на ВМРО – ДПМНЕ и нивната градоначалничка проектот за овој култен објект и симбол на Скопје стоеше во место“, вели СДСМ.
„Дури и одлуката за преземање на изградбата на Универзална беше проблем, заради неспособноста на локалната власт на ДПМНЕ.
Доколку Универзалната сала беше уредно реконструирана и ставена во функција согласно планот и ако уште пред две години беше предадена на Министерството за култура се ќе беше поинаку.
Тоа што новата конструкција стои нечепната, а реновирањето го прави Министерството за култура, е само доказ дека проектот за реконструкција е целосно безбеден и ги издржа пламените јазици.
Надлежните институции треба да преземат сите законски мерки да се лоцираат причините за пожарот а Универзална сала ќе се направи и ќе биде на располагање на граѓаните. СДСМ реконструира, ДПМНЕ се сити на пожар“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.