Македонија
Градскиот превоз во Скопје ќе функционира нормално, автобусите излегоа од автобазите, платите ќе легнат на сметките
Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово излегоа од двете автобази во Автокоманда и Ѓорче Петров.
Дека редовно ќе сообраќаат, за „Макфакс“ потврдија и надлежните во ЈСП, а во изјава за неколку медиуми тоа го потврдил и претседателот на Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Миќо Стојановски.
„Автобусите ќе сообраќаат редовно, а во текот на денот на сметка ќе им легнат и платите на вработените„ потврдија во изјава за „Макфакс“ надлежните од ЈСП.
„Се работи за недоразбирање и техничка формалност затоа беше задоцнувањето на платите од еден ден“, велат од ЈСП за „Макфакс“.
Инаку, утрово, неколку празни автобуси беа забележани како празни се движат накај базата, а до раните утрински часови не беа забележани на улица.
Надлежните изјавија дека се надминати недоразбирањата за личниот доход и вработените денес ќе ја добијат јануарската плата.
Според вчерашните најави на синдикатите, денеска автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не требаше да сообраќаат поради неисплата на јануарската плата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Времето денес облачно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер
Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

