Македонија
Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ крева паника со лаги и шпекулации за состојбите во Дрисла

Градот Скопје реагира на серијата на прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ на кои се пласираат разни невистини и шпекулации околу работата и состојбите со депонијата Дрисла.
“Сакаме да ја информираме јавноста дека сите наводи пласирани во јавноста за наводното преселување на струшката депонија во Скопје се невистинити и целосно ги отфрламе. Сметаме дека пласирањето на ваквите лаги и шпекулации во јавноста е крајно неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, каде за нивните дневно политички потреби непотребно креваат паника кај граѓаните за непостоечки проблеми“, соопштуваат од градот.
Од Град Скопје соопштуваат дека изминативе неколку месеци презеле серија на чекори за подобрување на работата на оваа депонија, се во насока на подобрување на нејзината ефикасност, како и за намалување на потенцијалното загадување за животната средина.
„ Сакаме да ја потсетиме јавноста дека само пред неколку денови, на иницијатива на градоначалникот Шилегов, за прв пат е поставен филтер на инсенератор за согорување на медицински отпад во Дрила. Дополнително, во постапка е и поставување на целосно нов инсенератор во Дрисла, со што нејзиното работење целосно ќе биде елиминирана како фактор на загадување во градот“, велат од Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик-министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во Кабинетот на претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите.
Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите.
„Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31 март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог“, велат од Владата.
Македонија
Утре променливо облачно време со локален дожд попладне

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег.
Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на стабилно и топло време, освен утре и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Работен состанок за решавање на предизвиците од областа на судските и дисциплинските постапки

Министерството за внатрешни работи се одржа работен состанок помеѓу претставници на МВР, Државниот правобранител на РСМ, Основниот граѓански суд-Скопје, Апелациониот суд-Скопје и Државната комисија за одлучување во управна постапка.
Целта на средбата беше дискусија за отворените прашања во врска со роковите за носење на решенијата во дисциплински постапки и други прашања од областа на судските и дисциплинските постапки.
Претставниците на институциите се договорија овие работни средби да продолжат и во иднина со цел меѓуинституционално решавање на сите предизвици со крајна цел заштита на правата на работниците и избегнување на финансиски импликации на штета на буџетот.