Македонија
Град Скопје: Зимските служби на терен, се чистат булеварите и улиците под надлежност на Градот
Екипи од зимската служба на Град Скопје се на терен и активно работат со цел булеварите и улиците под надлежност на Градот да бидат чисти и проодни и да нема застој во сообраќајот поради снегот, информираат од таму.
Според соопштението од Град Скопје, досега се исчистени повеќе локации во градот.
„Локации што досега се исчистени: булеварот Словенија, булеварот Никола Карев, населбата Даме Груев кон новоселски пат, улицата Радишанска, улиците во општината Шуто Оризари, улиците во населбата Драчево, последна „24“ во Сопиште, патот кон Детската клиника во Козле, патот од Горно Нерези кон Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, улицата Павел Шатев, клучката кај ‘Континентал’, мостот ‘Маџари’, мостот ‘Бардовци’, булеварот Босна и Херцеговина“, е нагласено во писмениот допис од Град Скопје.
Во надлежност на Град Скопје, додаваат од таму, се булеварите и поголемите градски улици, а другите улици се во надлежност на општините, кои се задолжени за нивно чистење и одржување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

