Македонија
Град Скопје почна да ги дели решенијата за данок на имот и фирмарина
Во тек е доставувањето решенија за данок на имот и комунална такса – фирмарина за 2021 година.
Сите даночни и таксени обврзници, кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за 2020 година, ќе добијат опомена за неплатен долг.
„Даночните и таксените обврзници кои нема да добијат решенија за данок на имот и комунална такса – фирмарина или доколку во нив забележат одредени неправилности, може да се јават на службените телефонски броеви на Град Скопје секој работен ден од 9 до 16 часот, и тоа:
За данок на имот: 072/916-482, 072/204-434 и 02 3297-316.
За комунална такса – фирмарина: 072/255-849 и 070/248-614.
Граѓаните, по добивањето на решенијата, сите забелешки и неправилности може да ги пријават на интернет-страницата на Град Скопје е-даноци (https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml), преку одделот за пријавување на проблеми (http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/), како и преку електронска пошта на следните адреси:
За данок на имот: [email protected], [email protected], [email protected]
За комунална такса – фирмарина: [email protected] и [email protected]
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

