Македонија
Граѓаните да не трошат вода за полевање бавчи и за миење автомобили – „Водовод“ апелира на рационално користење поради жештините

Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, од каде што се најавуваат високи температури, кои деновиве достигнуваат и над 40 Целзиусови степени, како и податоците на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, се апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата.
Особено Јавното претпријатие апелира да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање зеленило, бавчи и ниви, за миење автомобили, за полнење базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци.
Сe наведува дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во градот Скопје.
„Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, да го пријават на 02 3073 010, [email protected], www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за „Андроид“ и „Иос“ и потсетуваме дека дивите приклучоци се забранети со законот (Законот за водата за пиење и одведување урбани отпадни води, член 23) и тие се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на Општината и на Градот (Законот за водата за пиење и одведување урбани отпадни води, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поведена прекршочна постапка за сторено кривично дело“, велат од „Водовод“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од скопски Карпош

ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. Осло бр. 15б, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од ул. Осло. ( општина Карпош )
Македонија
Катерина Мирчовска именувана за нова директорка на болницата во Кочани

Катерина Мирчовска е именувана за нова директорка на болницата во Кочани, објави директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.
„Силно лидерство за болницата во Кочани!
Вчера за директорка на Општата болница Кочани е именувана Катерина Мирчовска, хирург. Веста помина штуро, со појаснување дека тоа е на барање на повредените од трагедијата за Кочани.
Катерина ја запознав низ работата за повредените од трагедијата во Кочани. Импресионира на прв впечаток. Полна со енергија, посветена, професионална, со големо срце, ги знае во детали сите најразлични потреби на повредените. Катерина се откажа од својот трансфер во ГОБ 8 септември Скопје за да се посвети на повредените“, објави Клековски на „Фејсбук“.
Тој додава дека Катерина е најдобар можен избор за водење на болницата во периодот на опоравување на повредените и ветува силно лидерство за болницата во овој критичен период.
Македонија
Меџити во Украина: Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, денес учествуваше на Самитот „Украина – Југоисточна Европа“ што се одржа во Одеса, Украина.
Самитот, кој беше отворен од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претставува продолжение на претходните средби одржани во Атина, Тирана и Дубровник, со учество на високи претставници од земјите на Југоисточна Европа. Главната цел на самитот е поддршка за Украина и зајакнување на регионалната соработка и безбедноста.
Во своето обраќање, вицепремиерот Меџити изрази благодарност за гостопримството на украинските власти и ја реафирмираше непоколебливата поддршка од страна на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
„Обединети сме пред предизвиците кои го загрозуваат мирот, безбедноста и меѓународниот поредок. Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната“, – истакна тој.
Вицепремиерот Меџити ја нагласи и посветеноста на земјата за продлабочена регионална соработка и изградба на безбедна, мирољубива и демократска Европа.