Македонија
Грковска до првачињата: Образованието е една од најважните инвестиции во животот
Да бидете љубопитни, да прашувате. Да не се плашите кога нешто не знаете зашто денеска почнува вашата едукација која никогаш нема да заврши. Образованието е една од најважните инвестиции во животот, им порача на првачињата заменичката на претседателот на Владата задолжена за креирање политики за добро владеење, Славица Грковска, која денеска присуствуваше на свечениот прием за првачиња во ОУ „Браќа Рамиз-Хамид“ во скопската општина Шуто Оризари.
Вицепремиерката им посака успешна учебна година на сите ученици изразувајќи уверување дека покрај тоа што ќе стекнат нови знаења и вештини, учениците во училиштето ќе изградат другарства, кои ќе траат во текот на целиот живот.
При посетата на училиштето Грковска беше информирана за целокупниот воспитно-образовен процес што се одвива во училиштето, каде што се негуваат мултикултурните и мултиетничките вредности на нашето општество.
Грковска упати честитки и до наставниот и стручниот кадар во училиштето за нивниот ангажман и придонес од кој најмногу зависи постигнатиот резултат кај учениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски
Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над 71.875 гласа наспрема Амар Мециновиќ од Левица со 41.522 гласови од пребројани вкупно 77,53 отсто од избирачките места.
Во повеќето општини водство има Ѓорѓиевски, освен во Карпош и Центар, каде повеќе гласови има Мециновиќ.
Во Карпош, од 62,22 отсто обработени гласови Стевчко Јакимовски има 42,56 отсто или 7.641 гласови, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Сотир Лукровски 47,65% или 8.555 гласови.
Во Центар од 75,15% обработени гласови, кандидатот на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ има 38,63% или 6.138 гласови, додека кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски има 52,39% или 8.325 гласови.
Македонија
Први податоци од гласањето: Орце Ѓорѓиевски има 53.171 гласови, Амар Мециновиќ 27.294
Според податоците објавени на страната на Државната изборна комисија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски досега има 53.171 гласови, а кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, 27.294.

Македонија
(Видео) Манасиевски: Заедно со народот до уште една историска победа, изборниот процес помина мирно и демократски
„На крајот од овој значаен изборен ден, можеме со гордост да кажеме дека Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство и демократска свест. Денес, нашата држава помина низ мирни, фер и демократски избори кои се гордост за секој наш граѓанин“, кажа Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој упати огромна благодарност на сите граѓани кои излегоа на гласање и ја покажаа својата одлучност и доверба.
„Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. Тоа е доказ дека Македонија знае да спроведе демократски избори по највисоки стандарди.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ очекуваме одличен изборен резултат. Во првиот круг граѓаните го направија вистинскиот избор, а сега во вториот, очекуваме разликата да се зголеми во наш прилог. Очекуваме голема победа!
Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати, решенија и нова енергија. Ние таа доверба нема да ја изневериме. Од утре, продолжуваме со работа, со уште поголема посветеност и одговорност.
Во текот на вечерта, на следните прес-конференции ќе почнеме и со објавување на првите неофицијални резултати од гласањето“, извести Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата.

