Македонија
Груби: Во октомври треба да заврши целосната реконструкција на тунелот на патот Скопје – Блаце
Целосната реконструкција на тунелот на патот Скопје – Блаце (границата со Косово) треба да заврши во октомври годинава, информира преку социјалните мрежи првиот вицепремиер Артан Груби.
Појаснува дека комплетната реконструкција на останатиот дел од патот е завршена.
„За жал, поради непочитување на патната сигнализација пред тунелот од страна на неодговорни лица, но и поради значително зголемениот проток на сообраќај, се создаваат долги редици од автомобили.
По реакциите и барањата на голем број граѓани, синоќа и денеска ЈПДП разговараше со изведувачот и надзорот.
Асфалтирањето на едната лента од тунелот завршува во понеделник. Потоа ја разгледуваме можноста од вторник да ги прекинеме работите на другата лента за да се овозможи непречен сообраќај на двете ленти во текот на месец август за да се избегнат долгите редици во екот на туристичката сезона и зголемениот проток на автомобили“, вели Груби.
Според него, работите на тунелот ќе продолжат во септември, а датумот на завршување на работите исто така ќе се помести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Студеничани и Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Осинчани, Ловиште Јасен, село Држилово, село Патишка Река, село Елово, село Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, село Јаболци, село Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и село Нова Брезница.(општинa Студеничани и Сопиште)
Македонија
Претпладне појава на слаба магла, во текот на денот сончево и тивко
Во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.

