Македонија
Груби – Гир: Спорот со Бугарија треба што поскоро да се реши, време е за датум
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, се сретна со евроамбасадорот Дејвид Гир.
Шефот на Канцеларијата на ЕУ, амбасадорот Гир, изрази сочувство за трагичниот случај во Бугарија, давајќи поддршка за решавање на случајот во соработка меѓу двете земји.
Поддршка за развојните и интегративните процеси на Република Северна Македонија во Европската Унија со посебен акцент на натамошното унапредување на реформските процеси и политиките на дијалог и стратешките цели на државата, беа само дел од разговорот меѓу двајцата соговорници.
Спорот со Бугарија и решавањето на овој спор меѓу двете земји беше дел од разговорот меѓу Груби и Гир, со посебен акцент постигнувањето на договор што е можно поскоро и надминување на овој спор бидејќи патот на Република Северна Македонија кон Европската Унијата е од особена важност и решавање на дискутираните прашања во дијалогот без никакво одлагање со претседателот Радев и со новата влада во Софија.
Целиот процес треба да се затвори без одложувања бидејќи ако не се затвори сега, спорот меѓу двете земји ќе се одолговлекува со години и ќе го блокира евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, а од другата страна тоа може да влијае на безбедноста на земјата, регионот, но исто така понапорно да се работи за повисок и подобар животен стандард на граѓаните.
Меѓу другото, Груби и Гир разговараа за политичката состојба во земјата, процесите низ кои минува Република Северна Македонија, како и потребата од поголема свест кај сите политички субјекти за поадекватно функционирање на Собранието и на проширување на парламентарното мнозинство, во корист на потребите на граѓаните и спроведувањето на европската агенда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

