Македонија
Груби тврди дека ги почитувале протоколите: „Фотографијата е направена при мало изненадување за Ахмети“
Фотографијата од петнаесеттемина членови на ДУИ, меѓу кои и високи државни функционери, кои без маска и дистанца слават роденден во новиот барокен објект на Министерството за политички систем, била направена при мало изненадување приредено за лидерот Али Ахмети, вели за „Mакфакс“ првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби.
Тој рече дека организирањето на овој настан во државни простории им било традиција.
„Настанот се организира на првиот работен ден во новата година и според протоколите. Фотографијата објавена од Османи беше само еден момент за заедничка снимка при мало изненадивање што колега го приреди за господинот Ахмети, слично како и минатата година во Собранието, искористувајќи го неговото присуство“, вели вицепремиерот Губи.
И покрај тоа што на заедничката фотографија, како и на фотографијата на која лидерот Али Ахмети ја сече тортата, никој не носи маски и нема два метра меѓу нив, Груби тврди дека ги почитувале протоколите.
„Протоколите првенствено ги почитуваме за нашето лично здравје и за нашите семејства, како и за граѓаните“, тврди вицепремиерот Груби.
Заедничката фотографија од прославата во новите простории на Министерството ја објави министерот за надворешни работи, Бујар Омани, а подоцна на социјалните мрежи се појави и фотографија на која лидерот Ахмети сече торта, а неговите симпатизери му го честитаат 62. роденден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска Арабија, ја разгледува можноста за репатриација и евакуација на македонските граѓани затекнати во овој регион.
Граѓаните, како што е појаснето, ќе бидат евакуирани преку копнена граница кон Кралството Саудиска Арабија, и од таму со авиони кои полетуваат од територијата на Кралството Саудиска Арабија.
„Транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобуси и истиот би траел од 13 до 15 часа.
Преку формално барање/Нота од Амбасадата и МНР врз основа на доставен список, властите на Саудиска Арабија би издале хуманитарни визи за македонските граѓани на самиот граничен премин.
Списокот треба да ги содржи следните податоци:
– точни податоци (име и презиме)
– број на патните исправи со датум на важност,
– детали од кој граничен премин ќе влезат
– време и датум на пристигнување. и
– местото на пристигнување и заминување,
Молиме сите македонски граѓани кои се заинтересирани за ова можност да се пријават на дежурниот број на Амбасадата +971 56 441 7532 како и на емаил адресата: [email protected]
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби“.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)

