Македонија
(Видео) Груевски по вторпат го нападна Џафери

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по вторпат го нападна собранискиот спикер Талат Џафери.Во моментот кога Џафери го стави Законот за јазици на гласање, со гласно скандирање пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да го спречат тоа, а, пак, експремиерот Никола Груевски повторно се качи на собранискиот пулт кај претседателот Џафери за да го спречи гласањето.
Груевски успеа да му ја одзеде картичката за гласање на собранискиот спикер Талат Џафери, по што пратениците кои гласаа по бадентер мораа да кренат рака за да се избројат гласовите.
Собраниското обезбедување веднаш истрча за да го заштити Џафери, по што Груевски му рече на Џафери да го повлече кажаното и дека Законот е изгласан.
Собранискиот спикер Џафери излезе од салата, но по неколку минути се врати и каже дека Законот е изгласан. На ова реагираа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а Влатко Ѓорчев му рече на Талат дека постојат закони, Устав, Деловник и тие мора да се почитуваат, дека ова е силување на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од денес пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум, најави Владата

Македонија се гради. Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри, најавуваат од Владата.
Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец, како што е појаснето во официјалното соопштение изнесуваше 11,7 милиони евра.
„Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по нов патен правец.
Овие капитални проекти го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија.
Владата работи и создава дела за просперитет на Македонија“.
Македонија
Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник, oпштина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура ќе достигне до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, во сабота наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.