Македонија
Дабиќ: Лага е дека високите дипломати го виделе францускиот предлог и го анализирале
Браќа и сестри треба да знаете дека нашата дипломатија е успешна дипломатија и дека треба да ја чуваме, таа со успех го одработи позиционирањето на Македонија на светската политичка рамка, таа го одработи зачленувањето на Република Македонија во најголемиот број меѓународни организации. И таа го одработи воспоставувањето дипломатски односи под нашето уставно име со две третини од државите во светот, а тоа се речиси 140 држави под името Република Македонија“, изјави Зоран Дабиќ на денешниот протест „Ултиматум, НЕ благодарам“.
Тој посочи дека доаѓа од дипломатски синдикат.
„А, она низ што денеска проаѓаме во МНР го нарекуваме бујаризација на МНР. Тука и таму некој ќе се згреши и ќе се излаже па место Ј ќе каже Г ама нема голема разлика. По двегодишната катастрофа во ликот на Бујар Османи, МНР треба да знаете ги живее своите најтешки денови. Дипломатите жестоко се заплашуваат, се казнуваат и се бркаат од работа со цел да се замолкнат оние што размислуваат со сопствена глава и оние што не прифаќаат да му бидат обичен декор на министерот Османи и параван за покритие на неговите активности“, нагласи Дабиќ.
Дабиќ побара оставка и одговорност од министерот Бујар Османи за неговите предавства.
„Денес Mинистерството за надворешни работи е киднапирано од страна на Бујар Османи, со жестоки репресивни мерки раководството се обидува да ги држи дипломатите во покорност и зависност. Но, тоа нема да помине“, рече Дабиќ.
Тој додаде дека дипломатскиот синдикат јакне од ден на ден. И членовите на синдикатот и денеска се на протестот.
„Бујар ве лажеше дека високите дипломати го виделе францускиот предлог и го анализирале. Тоа не е точно“, нагласи Дабиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај
Санкционирани се 157 возачи на територијата на целата држава, при полициски контроли за време на празничниот 1 Мај.
Од нив 41 на територија на СВР Куманово, по 34 на територија на СВР Битола, објави МВР.
За време на контролата санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Македонија
Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото
Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
На прес-конференција тој тврдеше дека не може да има Влада без двојно мнозинство, повикувајќи се на Рамковниот.
„Охридскиот рамковен доведе до две мнозинства, 61 и мнозинство по Бадентер. Забораваме и размислуваме само за едното мнозинство од 61. Едното секогаш оди со Бадентеровото. Ќе треба време за да ја сфатиме логиката на Охридскиот договор. Рамковниот договор има механизми за заштита на заедниците од надгласување, не е за заштита на мнозинската заедница. Затоа бара покрај 61 и Бадентерово мнозинство. Јалови се сите обиди да се потцени второто мнозинство при било кои избори по 2001 година“, рече Османи.
Тој упати низа обвинувања до ВМРО-ДПМНЕ, мѓу кои дека секојдневно рециклираат националистички тези, флертуваат со проруски интереси, отворено се закнуваат на, како што рече, славното востание од 2001, ги зголемуваат тензиите меѓу етничките и верските заедници, додека ДУИ гарантираат стабилност и соживот.
Во врска со тоа како ќе настапат во вториот круг од претседателските избори, односно дали и кој од двајцата кандидати ДУИ ќе го поддржат, одлуката ќе биде соопштена во наредните денови.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.