Македонија
Дали ќе се оди од врата на врата за изборите, ќе се утврдува со посебен протокол
„Треба да го прифатиме првиот можен момент и веднаш да одиме на избори“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по лидерската средба. Лидерите ги расчистиле несогласувања околу свикувањето на Собранието. Заев рече дека утврдиле дека се исцрпени сите можности за свикување на Собранието откако претседателот на Собранието и Уставниот суд се изјаснија дека нема таква можност.
„Единствена законска можност е закажување на изборите согласно уредбата со која беа одложени, 22 дена од завршување на вонредната состојба во државата. Се потенцираа и одредени датуми. Ако нема трета вонредна состојба, изборите од 17 мај плус 22 дена се на 8 јуни. Ако има нова вонредна од 30 дена, изборите би биле на 7 јули. Ако се направи вонредна за две седмици, датумот е 21 јуни, ако е само 1 седмица, избори може да има на 17 јуни. Така стојат правните аспекти. Никој не се спротивстави на ваквите правни аспекти“, рече лидерот Заев и нагласи дека ако изборите бидат на 14 јуни, има рок од 30 дена за покани до ОБСЕ /ОДИХР кои ќе ги следат изборите, а има и доволно време ДИК да го ажурира Избирачкиот список.
Лидерите заеднички констатирале дека ништо не е поважно од здравјето на граѓаните, а заеднички утврдиле и дека имаат доверба во здравствениот систем и институциите. Очекуваат Комисијата за заразни болести да утврди посебен протокол за изборите.
„Констатиравме дека ќе мора да живееме со коронавирусот. Во сите вакви околности заклучивме дека Владата треба да побара одговор од ОБСЕ/ОДИХР дали ќе бидат подготвени да ги следат изборите и претседателот и Владата да побараат од здравствената комисија протоколи за однесување, за тоа што се смета за собир затоа што големи собири нема да има, колкаво групирање ќе биде дозволено, дали да се оди од врата на врата“, рече Заев, кој очекува овие протоколи да бидат соопштени на следната седница.
Следната недела на повторна средба Заев најави дека лидерите треба да испроектираат датум за изборите за да може да почнат подготовките, оти и покрај тоа што изборите се веќе прогласени и есента е ризична, опозицијата денес не била спремна да разговара за датум оти сакале да „купат“ уште некоја седмица.
„Од прошетките во Аеродром, во Охрид, во мојата Струмица се гледа дека сè потешко се почитува полицискиот час. Живеењето во таканаречени џебови, како што велат здравствените работници, може да биде наш начин на живот. Штабот веќе предложил олеснителни мерки и следната седмица ќе има олеснителни мерки. Ќе се отворат рестораните. Треба да одиме на избори“, објасни Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерство за здравство: Активиран модул за изразување интерес за соработка на лекари од странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.
Македонија
Мицкоски на проштална средба со Агелер: благодарност за ангажманот и поддршката
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Денеска се одржа проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Анџела Агелер.
На средбата беше изразена благодарност за нејзиниот ангажман, поддршката и придонесот во унапредувањето на односите меѓу двете држави“, објави на социјалните мрежи Мицкоски.
Информира дека во пријатна и конструктивна атмосфера биле разменети мислења за досегашната соработка, како и за значењето на партнерството и заедничките вредности.
„Упатени беа искрени желби за успех во нејзините понатамошни професионални ангажмани“.

