Македонија
Даути: Институциите да преземат соодветни мерки со цел владеење на законите

Адвокатот Мерџан Даути ги повика институциите да преземат соодветни чекори со цел почитување на законите откако судот денеска ги одби сите барања за произнесување на одбрната во предметот ТНТ.
„Како што најавив, обвинителот Бурим Рустеми, денеска, на главната расправа на 16.11.2021 година, на судскиот случај познат за јавноста ТНТ, се произнесе во врска со доказите на одбраната и не даде согласност за да се прочитаат доказите на одбраната, иако сѐ уште не се прочитани и изведени доказите предложени од стана на поранешното СЈО.
Во оваа пригода сакам да ве информирам и да ги повикам надлежните институции да преземат соодветни чекори со цел почитување на законите во Република Северна Македонија. Имено, јавниот обвинител ме информира претходно дека предметот ТНТ, како и другите предмети што ги застапува пред Основниот кривичен суд, имал договор со судот да се завршат до крајот на годината, т.е. најдоцна до 15.12.2021 година.
Успеал, му честитаме. Се поставува прашањето каде е тука еднаквоста на оружјата кога претходно Обвинителството и судот договараат што треба да се случи на главна расправа.
Во согласност со горенаведото, ве молам итно да преземете соодветни мерки со цел владеење на законите во Република Северна Македонија и водење судски постапки во согласност со позитивните законски прописи“, пишува Даути во дописот до медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.